Екс началниците во УБК Горан Грујесвки и Никола Бошковски кои се во затвор во Солун и чекаат екстрадиција,  се уште се вработени во МВР. На барање на нивните адвокати, нивните места во Управата за безбедност и контраразузнавање  им се во мирување, што значи дека тие остануваат на работните места, но не земаат плата.

Во работен однос се и службеничките кои денеска беа осудени во случајот Тврдина 2.

Лани кога на функцијата министер за внатрешни работи доаѓа Оливер Спасовски сите обвинети се суспендирани и поведени се дисциплонски постапки, но кога на функцијата повторно се враќа Митко Чавков на 18 мај, еден ден потоа тој ги враќа на работа, изјави министерот Спасовски на денешниот брифинг.