Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Група жени изнесоа детали за сексуалните малтретирања од Трамп

1
By Нова ТВ on December 12, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По обвинувањата за сексуално малтретирање упатени кон Доналд Трамп, група жени во понеделникот, на прес-конференција, изнесоа детали за тоа како и на кој начин се нашле во непријатна ситуација со актуелниот претседател на САД, пренесе Си-Ен-Ен.

„Ова било континуирано недолично однесување и перверзија од страна на господинот Трамп. За жал, ваквото однесување не е реткост во нашето општество и луѓе од најразлични општествени слоеви може да бидат жртви. Единствената причина зошто сум овде денеска е бидејќи напаѓачот стана претседател на нашата држава“, изјавила Рејчел Крукс, кој го обвинува Трамп дека ја бакнал во уста без нејзината согласност во 2005 година.

Рејчел Крукс
Рејчел Крукс

Обвинение кон Трамп упати и поранешната мис на Северна Каролина од 2006 година, Саманта Холви. Го обвинува дека Трамп ја допирал по градите  а допирал и друга девојка по колковите. Најмалку 15 жени го обвинија Трамп јавно, од сексуално малтретирање до полов напад.

Дури 13 од нив тврдат дека биле директно нападнати, а 2 дека биле сведоци на случувања кои им предизвикале непријатни чувства. Сите обвинувања се од различни временски периоди пред тој да стане претседател на најмоќната држава на светот.

Портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс потенцираше дека сите обвинувања се пред тој да биде избран за претседател и дека Трамп веќе ги има отфрлено сите обвинувања. Сандерс во изјава за јавноста уште дополни дека Трамп имал и сведоци кои му ги потврдуваат тврдењата.

Трамп е обвинет најчесто од девојки кои во минатото биле прогласени за мис на своите држави од 90-тите наваму, кога тој беше многу познат бизнисмен.

Саманта Холви
Саманта Холви

„Настаните никогаш не се случиле. Никогаш. Сите овие лажги ќе бидат тужени кога ќе завршат изборите“, изјави Трамп во 2016 година, иако никогаш нема поднесено тужба.

Обвинувањата кон Трамп се последните во редот обвинувања, дебати и јавно отворање по сексуални малтретирања, кои започнаа по падот на моќниот продуцент Харви Вајнштајн.

Оттогаш наваму обвинети се, а и прифатиле вина неколку јавни личности, меѓу нив и познатиот актер Кевин Спејси.

Доналд Трамп полов напад сексуално малтретирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.