Веб-страницата на Парламентот на Албанија, paralenti.al, е хакирана а одговорноста за нападот ја презеде иранската група „Татковина правда“.
Ако се обидете да внесете www.parlamenti.al, ќе видите известување дека до оваа страница не може да се пристапи.
Преку објава на „Телеграм“ групата хакери наведува дека веб-страницата на Собранието е во нивни раце и се заканува дека „корумпираните пратеници наскоро ќе бидат уништени“.
-Ќе платат и узурпаторите на собраниските фотелји. Корумпираните пратеници наскоро ќе бидат уништени, кога ќе сфатат како нивните внатрешни демони се демонстрираат пред секој трагач по вистината, се вели во објавената порака.
Овој хакерски напад доаѓа брзо по оној врз мобилната компанија „One Albania“, за што во објава на „Телеграм“ групата напиша дека ги „таргетирале системите на мобилната компанија и во свои раце ги имаат податоците на илјадници Албанци“.
Минатата година, во јули и септември истата група ги хакираше владините системи, вклучително и на МВР, албанската тајна служба, па дури и електронските пошти на премиерот Еди Рама и на повеќе министри и високи полициски функционери.