Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грузија: Апсења на протестот против законот за „странски агенти“

0
By Ана Василевска on March 8, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грузиската полиција приведе 66 лица во близина на парламентот во Тбилиси за време на митинг на кој се собраа противници на законот за „странски агенти“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Грузиските власти синоќа употребија солзавец и водени топови околу зградата на Парламентот за да ги растераат демонстрантите против предлог-законот кој наводно ја загрозува слободата на печатот. Текстот, усвоен на прво читање, бара од медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странски извори, да се регистрираат како „странски агенти“.

Според Министерството за внатрешни работи, во нередите се повредени 50 полицајци, а дел од нив сè уште се на лекување во медицинските установи.

„Новиот закон за „странски агенти“ што вчера во прво читање го усвои грузискиот парламент е многу лош развој на настаните за Грузија и нејзиниот народ“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел.

Законот може да има застрашувачки ефект врз граѓанското општество и медиумите и да донесе негативни последици за Грузијците. Овој закон е некомпатибилен со вредностите на ЕУ, додава Борел.

Грузија протести странски агенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.