Published: Friday, December 20, 2013 09:38
Сите летови од ноќеска и утрово се откажани за полетување и слетување на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
Густата магла целосно го парализираше авиосообраќајот. Во текот на вчерашниот ден поради временските услови дел од летовите беа пренасочени кон Охрид, Софија и Белград, а дел беа откажани.
Од аеродромот велат дека постојано се следи временската состојба и редовно се ажурира и интернет страницата со најновите вести за летовите ,од каде патниците може да се информираат за сите полетувања и слетувања.
Поради густата магла авионскиот сообраќај е во застој од вчера попладне.
Вчера околу пладне аеродромот беше отворен за полетување кон Диселдорф и Истанбул.




