Гувернерот на американската сојузна држава Мисури, Џеј Никсон нареди Националната гарда да се повлече од градот Фергусон, каде беше распоредена со цел да се смират тензиите по убиството на невооружен црн тинејџер од страна на полицијата.
Никсон изрази уверување дека Националната гарда успешно го штитела Фергусон, додека другите државни агенции работеле за обновување на довербата меѓу полицијата и граѓаните.
Немирите во Фергусон почнаа да се смируваат откако во понеленикот на улиците во градот беше распоредена Националната гарда.
Од почетокот на немирите во Фергусон на 9 август полицијата уапси најмалку 163 лица.