Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хачинсон: НАТО формира тим за хибридни закани во С.Македонија

0
By Нова ТВ on April 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 14, 2020 20:53

НАТО формира тимови за борба со хибридни закани во Северна Мaкедонија и Црна Гора, откако лажните вести и дезинформации на Русија и Кина зедоа голем замав со кризата на пандемијата од корнавирус во Западен Балкан, изјави за МИА амбасадорката на САД во Алијансата, Кеј Бејли Хачинсон.

„Алијансата очекува од Скопје дополнителни информации за формирање на таков тим и за Северна Македонија, а чија цел е подготовка на медиумите во земјата како да ги одвратат кампањите на дезинформација од Русија, изјави амабасадрката на денешниот онлајн видео брифинг за новинарите во Вашингтон“, потенцирајќи дека тимот во Црна Гора е веќе распореден.

Според амбасадорката, како најнова членка на НАТО, Северна Македонија е посебна цел на кампањата на дезинформации организирана од Кремљ.

„Во Северна Македонија се шират многу лажни вести во однос на коронавирусот и помошта во опрема што НАТО ја даде на сојузничка за справување со кризата во вонредни ситуации“, додаде Хачинсон.

Според неа, дезинформациите од Русија се случуваат одамна, уште кога Северна Македонија побара да стане членка на НАТО и продолжија кога приемот на земјата во Алијансата беше потврден.

„Ние се обидуваме директно да се спротивставиме со факти дека Северна Македонија е полноправна членка и како сојузничка е поддржана од НАТО во оваа криза и дека помошта ќе продолжи, вклучително и помош за справување со дезинформациите кои доаѓаат од руски извори“, изјави амбасадорката.

Лидерите на воената алијанса одобрија создавање на тимови за борба со хибридни закани во јули 2018 година. Овие тимови обезбедуваат специјализирана помош по мерка, побарана од сојузниците, за справување и одговор на хибридните закани.

Хачинсон ги повикува сојузниците од НАТО да се спротистават на дезинформациите од Русија и Кина во однос на коронавирусот, посочувајќи дека никој не очекувал оти во време на светска пандемија, противниците на Алијансата ќе го изразат своето незадоволство токму така.

„Тие лажно известуваат дека праќаат помош, тие лажно известуваат дека овој вирус се појавил или во Европа или во САД, зависно кој медиум ја пласира информацијата. Тоа е апсолутно лажно, и се обидуваме да одговориме на неточната информација со факти“, порача Хачинсон.

Амабасадрката укажа дека сето тоа е дел од постојаната и забележлива хибридна и кибер војна „со која не само што се обидуваат да шират незадоволство, но и да го девалвираат нашето лидерството во време кога западните општества бараат лидери за справување со безбедноста и помошта што им е потребна во време на криза”.

„Енергично сме против во положба сите заедно од Алијанста јасно да кажеме: одбиваме дезинформации во време на хуманитарна криза“, истакна амбасадорката Хачинсон на денешниот брифинг за новинарите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.