Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хаџиу: Автобусот пред да замине од Турција беше на сервис и се беше во ред

0
By НОВА ТВ on November 30, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 30, 2021 08:07

Сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу во интервју за БНТ тврди дека автобусот што учествуваше во несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија, пред да замине од Турција бил на сервис и се било во ред. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Хаџиу ја отфрлил можноста некои од патниците да внеле во автобусот запаливи материи.

Хаџиу потврди дека тој и неговото семејство биле дел од екскурзијата во Истанбул, но патувале во другите автобуси. Неговите деца биле во последниот автобус.

Опожарениот автобус бил произведен во 2007 година, но бил купен од пред околу три години. Според сопственикот, досега немало технички проблем со автобусот.

Хаџиу кажа дека овој пат од Република Северна Македонија тргнале четири автобуси. На враќање од Турција, во автобусот кој се движел прв патувал сопственикот на фирмата и неговата сопруга. На бугарско-македонската граница, на излез од Бугарија, Беким Хаџиу дознал дека неговиот автобус излетал и со такси тргнал на местото на несреќата. Кога пристигнал, со часови останал на местото на настанот.

Беким Хаџиу одби да ја коментира верзијата за несреќата бидејќи истрагата е во тек. Но, рече дека три недели пред несреќата автобусот поминал на технички преглед во С Македонија. Дополнително, пред секое патување, сите возила на компанијата „Беса транс“ поминуваа низ сервис.

– Пред да тргнеме за Турција ги сервисираме, контролираме, па дури и кога ќе стигнеме до Истанбул и таму одиме на сервис да ги проверат, превезуваме патници, да видиме каква е ситуацијата. Се беше во ред и таму кога таму бевме на сервис, и кога има ни кажуваат и веднаш да го поправиме, објасни сопственикот на „Беса транс“.

Тој негира дека во автобусот имало туби со гориво бидејќи бензинот што го наполниле во Истанбул бил доволен за да стигнат до Скопје, а потоа да се вратат во Истанбул. Поради темелните проверки на бугарските граници, тој ја исклучува можноста патник да внел запалива материја.

– Во секој автобус има туби, но со вода, секој автобус мора да ги има за секој случај. Ова е резервна вода. Има строга контрола на влез во Бугарија, багаж, возач, сè што се превезува, рече Хаџиу.

Сопственикот на „Беса транс“ кажа и дека возачите на автобусот биле многу искусни професионалци кои многупати ја поминувале оваа релација. Хаџиу објасни дека за оваа 12-часовна рута биле доволни двајца возачи. Тие строго ги почитувале часовите за одмор. Потврди дека автобусот имал фабрички ограничувања и не можел да крене повеќе од 100 км/ч.

БНТ интервјуто со сопственикот на „Беса транс“ го направи во канцеларијата на неговиот адвокат во Софија. Беким Хаџиу рече дека досега не зборувал за медиумите бидејќи е шокиран од тоа што се случило и затоа е во Бугарија да им помогне на истражителите на кој било начин да ги утврдат причините за несреќата во која на 23 ноември загинаа 45 лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.