Aко снимките се точни, тогаш е грозно. Jас со ништо не заслужив еден таков разговор, вели екс првиот човек на ФФМ, Харлампие Хаџиристески за Дојче веле по снимката во која се слушаат закани за неговиот живот.
„Многу непријатно е да слушнете такво нешто. Дури и не ми се верува дека политичари може така да разговараат. Ако сето тоа е точно, тогаш е грозно. Спортот треба да биде настрана од политиката. Јас со ништо не заслужив еден таков разговор. Бев коректен и со сите свои постапки се трудев да ја задржам автономијата на фудбалот далеку од влијанието на политиката. Но, изгледа, не можело така“, вели Хаџиристески.
На една од снимките, како што се тврди пред парламентарните избори во 2011-та во разговор меѓу Мартин Протоѓер и Миле Јанакиески, Протоѓер изразува незадоволство од ФФМ зошто не се пуштени карти и упатува закани по живот.
Бомба7:Разговор на Миле Јанакиески со Мартин Протуѓер
МЈ: Ало?
МП: Ало?
МЈ: Молам
МП: Овој мајмунов од Фудбалска федерација намерно не пушта карти за утакмицава, за да не се напуни стадионов.
МЈ: Му кажав на тој шо му е чоеко, денес за тоа праев муабет..ако не објават до понеделник…
МП: Ако не објават до понеделник, кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат…Мајката да им ја е*ам јас нивна комунистичка нивна..педерска…
МЈ: Ај чао..
МП:Ај…




