Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хајндл за Дојче Веле: Амнестијата мора да се повлече

0
By Нова ТВ on May 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 26, 2016 19:18

Договорот од Пржино и натаму е добра основа за изнаоѓање на решение за кризата во Македонија, вели во интервју за „Дојче Веле“, специјалниот пратеник на германскиот шеф на дипломатијата, Јоханес Хајндл, и додава дека „априлската амнестија за политичарите на претседателот Ѓорге Иванов ги поткопа досегашните напори и не е во согласност до договорот“.

„Решенијата произлегуваат од Договорот од Пржино, кој дава јасни параметри за кои партиите се обврзаа минатото лето“, вели Хајндл.

Тој се согласува со ставовите на германскиот државен министер Михале Рот, кој во понеделиникот во Брисел изрази „екстремна загриженост за внатрешно-политичката состојба во Македонија“ и порача дека не смее повеќе да се става „на тест трпението на меѓународната заедница и на Европската Унија“.

Специјалниот пратеник не ја исклучува можноста од последици за сите поединци кои ќе ги попречуваат промените и во интервјуто говори за јасни рокови во кои ќе мора да се спроведат обврските, пишува „Дојче Веле“

Хајндл вели дека ЕУ и Германија сакаат да и помогнат на земјата да најде излез од кризата, но патот ќе мора самата да го изоди. Прв чекор на тој пат, според специјалниот пратеник, треба да биде повлекувањето на амнестијата на претседателот Иванов, а чистењето на избирачките списоци, обезбедување на независноста на медиумите и овозможување еднаков пристап до нив за сите партии, се услови без кои не може да се организираат фер и демократски избори, наведува Хајндл.

Во интервјуто за „Дојче Веле“, кое во целост ќе биде објавено утре, Ханјдл потенцира дека мора да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а сите осомничени од скандалот со прислушкувањето, да одговараат пред законот.

Јоханес Хајндл беше именуван за специјален пратеник на шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер на почетокот на овој месец и веќе на два пати ја посети земјава. Се очекува неговиот ангажман да продолжи и во наредниот период, најмалку до наесен.

Хајндл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.