Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хакерски напад на над десетици илјади компјутери

0
By Нова ТВ on May 13, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Огромен сајбер напад за којшто се искористени алатки украдени од американската Агенција за национална безбедност (НСА) погоди многу организации низ целиот свет. Има извештаи за заразени компјутери во 99 земји, вклучувајќи ги Русија и Кина.

Една од најтешко погодените организации е Националниот здравствен систем (НХС) во Англија и Шкотска. Според „Би-Би-Си“, 40 организации на НХС и неколку болници се погодени, а беа откажани операции и прегледи. Нападот почна во петокот и медицинскиот персонал во Британија гледал како компјутерите се заразуваат „еден по еден“. Персоналот на НХС споделуваше скриншоти од програмата „вонакрај“, која бара уплата на 300 долари во виртуелната валута биткоин за да ги отклучи податоците на секој компјутер.

Според некои извештаи, во Русија има најмногу заразени компјутери. Домашни банки, министерствата за внатрешни работи и здравство, државната железница и вториот најголем мобилен оператор се погодени од нападот. Руското МВР соопшти дека најмалку 1.000 од нивните компјутери биле заразени, но брзо се справиле со вирусот и не биле компромитирани чувствителни податоци. Во Шпанија, извесен број големи компании, вклучувајќи го телекомуникацискиот гигант „Телефоника“, енергетската компанија „Ибердрола“ и компанија за гас, биле погодени, а на вработените им било кажано да ги исклучат компјутерите.

На социјалните мрежи, корисници споделуваа фотографии од заразени компјутери, вклучувајќи автомат за карти на германската железница и лабораториски компјутер во Италија. Францускиот автопроизводител „Рено“, португалскиот Телеком, американската поштенска компанија „Федекс“ и шведските локални власти, исто така, беа погодени.

Кога компјутерот ќе биде инфициран од рансомвер, вирусот ги пронаѓа сите податоци, ги шифрира со клуч што му е познат само на хакерот и остава порака. Ако сакате да ги отклучите, треба да платите, во спротивно, податоците ќе бидат засекогаш загубени.

 

биткоин напад пидатоци сајбер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.