Претседателската кампања на Хилари Клинтон е дел од поголемиот хакерски напад врз институциите на Демократската партија, јавуваат американските медиуми. Нападот следи по две пробивања на податоците во Демократскиот национален комитет и Демократскиот комитет за конгресна кампања.
Американските власти веруваат дека сабјер – нападот е извршен од страга на агенти кои работат за руската влада. Постои страв дека Русија може да се обидува да влијае на претседателските избори.
Руската влада негира дека е инволвирана во нападот, и обвинувања ги оцени како „отровна антируска“ реторика на Вашингтон.
ФБИ соопшти дека ги испитува наводите и на обемот на хакирањето.