Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хакирани неколку банки од второ ниво во Албанија

0
By Ана Василевска on December 28, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на предновогодишната средба со новинарите, во врска со кибер-нападите во последните неколку дена врз некои банки од второ ниво во Албанија, рече дека вакви напади се случуваат насекаде низ светот, не само во Албанија, додавајќи дека нема оштетувања на банкарските сметки на албанските граѓани.

„Има милиони напади. Сајбер војната е опиплива војна, и во јавниот и во приватниот сектор. Банките гарантираат дека не се допрени сметките на граѓаните. Албанската Влада презема реформа во оваа насока, каде што ќе ги следи сите напади што може да се случат во иднина. Овие напади не се случија само овде, туку во сите земји во светот и ова е војна која му припаѓа на новиот свет“, посочи Ибрахимај.

Министерот за одбрана Нико Пелеши призна дека нападите стануваат секојдневни но оти „ниту еден оператор, без разлика дали е приватен или јавен, не е ослободен од изложување на овие напади“.

„Како министер за одбрана дел сум од комисијата за кибер-одбрана и нема сомнеж дека особено по јулскиот напад, ја интензивиравме работата, изготвивме планови за инвестиции и други мерки од образовните програми, награди за вработените во овој систем. Владата одобри бонуси и флексибилни плати поврзани со нив. Се справуваме со секој случај, секој напад, за кои мора да се каже дека се секојдневни. Оние кои се попроблематични добиваат поголемо внимание од јавноста. Сите сме изложени, дури и приватните системи, не само јавните. Ниту еден оператор, без разлика дали е приватен или јавен, не е ослободен од изложување на овие напади“, рече Пелеши.

Сепак не одговори на новинарско прашање дали кибер-нападите врз банките биле причина за итна средба на премиерот Еди Рама со гувернерот на Централна банка, Гент Сејко и заменик директорот на албанската тајна служба, ШИШ, Олјан Кануши, само кусо рече дека не е на средбата за да знае што се разговара.

Иранските хакери од групата „Татковинска правда“, во саботата на мрежата Телеграм објавија податоци од банкарските сметки на функционери во албанските министерства и државни институции.

Албанија банки хакерски напади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.