Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Халими: Мислам дека можеме во вториот круг

0
By Нова ТВ on April 8, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 8, 2014 10:02

ДПА синоќа одржа предизборен митинг во тетовската населба Тетекс 2 каде ги промовираше претседателскиот кандидат Илјаз Халими и кандидатите за пратеници од оваа партија во 6-та Изборна Единица.

Претседателскиот кандидат од ДПА,Илјаз Халими пред присутните тетовчани истакна дека е чест еден кандидат албанец да се натпреварува за претседател на државата.

„Ние не одлучивме случајно да излеземе со кандидат – Албанец, чест е за Албанците и чест е за сите нас. Јас сериозно мислам дека можеме во вториот круг. На Изборите во 2009-та сите албански партии имаа 280 илјади гласови, а македонскиот кандидат, после Иванов, имаше 230 илјади гласови и затоа мислам дека ние можеме да ги земеме тие гласови и да направиме промени во секој аспект” – рече Илјаз Халими.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, истакна дека ДПА има 90 илјади албански гласови дадени со срце и без ниедна дамка, а гласовите на другите се обични хартии кои ги крадат и за кои не гласаат луѓе.

Тачи исто така потенцираше дека опцијата што ја предводел тој и Арбен Џафери се обиделе трипати, со недозволени средства и војна, да ја уништат.

„ДПА беше погодена во 1997 год. со случајот на знамето, во 2001 година со востанието против ДПА. Ви велам пред камери Арбен Џафери рекол дека војната во 2001 г. е војна против ДПА за да се соборува од владата и третата војна за да се уништи ДПА беше во 2008 г. каде наместо оружјето се употреби уништувањето на гласовите на ДПА,каде 70 илјади гласови ги уништија заедно ВМРО, СДСМ и Али Ахмети. Оваа нивна војна не ќе беше успешна доколку немаше и предавници” – рече Тачи.

Тачи исто така се осврна и на лошата економска состојба во кои живеат Албанците доживувајќи секојдневни удари од инспекциите, УЈП, без инфраструктура и без универзитет и без ветените пројекти.

„Каде се милионските инвестиции во Тетово? 10 години на власт и 20 милјиарди донесени буџети и немаме одговор од Али Ахмети, колку отсто од овие пари од буџетите отишле кај албанците? Каде е библиотеката во Тетово? 6 години лажат дека ќе го направат амфитеатарот и сеуште го нема. Само лаги, измами и притисок врз Албанците”- рече меѓу другото Мендух Тачи на синоќешниот собир во тетовската населба Тетекс 2.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.