Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан до ВМРО ДПМНЕ: Откажете се од деструктивна политика

0
By Нова ТВ on October 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 8, 2018 23:27

По референдумот за промена на името кој беше неуспешен поради прениската излезност, комесарот Јоханес Хан ги повика македонските пратеници да ги имплементираат неопходните уставни амандмани за промената да името да се случи набрзо. Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ се противи на тоа во иднина земјата да се нарекува Северна Македонија. Сепак, на Владата и се потребни 10 гласа од ВМРО ДПМНЕ за уставните амандмани, но раководството на партијата се противи на тоа. Постојат информации за закани против оние кои сакаат да гласаат спротивно од партијата и да ја поддржат Владата во Собранието – вели Хан.

Членови на ВМРО ДПМНЕ се спротивставија на партискиот лидер Христијан Мицкоски, но беа казнети поради тоа, како заменик генералниот секретар на партијата, кој беше заменет. Ова е тотално неприфатливо за партија која се прокламира како про-европска и демократска – вели Хан за Стандард.

Тој сега се надева за процес на дискусија. Бидејќи евроатлантските интеграции кои конечно може да се постигнат со решавањето на спорот со името, исто така се изразена цел и на ВРМО ДПМНЕ, но мораат да се однесуваат согласно тоа и да направат одлука која ќе го направи Договорот возможен. Сè друго е неверојатно – предупредува Хан. „Откажете се од деструктивното однесување“.

Тој ја повикува опозициската партија „да се откаже од деструктивниот став и да го стави интересот на земјата и граѓаните пред партиските политички интереси“. Договорот постигнат со Грција е толку важен бидејќи со него се расчистува патот до евро-атлантските интеграции.

Исто така е и сигнал до целиот регион дека е возможно решение дури и на конфликтите кои траат со децении, па Договорот би требало да биде имплементиран во Собранието, без одложување. Референдумот беше чисто консултативен. Она што се брои се убедливите гласови за Договорот: граѓаните кои гласаа „За“ Договорот се рекордни 94 отсто. Повикот за бојкот, кон кој се приклучија и некои од ВМРО ДПМНЕ, сведочи за недостаток на демократска зрелост – вели Хан.

Комесарот исто така предупредува за можните нови избори кои премиерот Зоран Заев ги донесе во игра. Такво нешто сигурно би допринело за одложување на имплементацијата и ратификацијата на Договорот за името.

– Исто така се сомневам дека доколку има поголемо одложување, дали грчката Влада се уште ќе биде способна да го спроведе Договорот во Парламентот – вели Хан.

Тој исто така предупредува дека новите избори не гарантираат дека на македонското Собрание ќе му го донесат посакуваното дво-третинското мнозинство.

– Тоа значи дека има временска рамка која може да биде искористена сега, или во спротивно шансата за имплементирање на Договорот за името ќе биде изгубена на подолг рок, или можеби засекогаш – вели Хан.

Како партија која е одговорна за спречувањето на овој историски договор важен за земјата, тој ја посочува ВМРО ДПМНЕ.

Германската ЦДУ се обидува да ја убеди сестринската ВМРО ДПМНЕ да се приклучи.

Членот на Бундестагот Јохан Вадефул иззјави дека собраниското гласање за уставните промени е круцијално. Канцеларката Ангела Меркел го посети Скопје пред референдумот за да ја подвлече нејзината поддршка  за Договорот за името.

Има бројни судења против политичари од ВМРО ДПМНЕ. Крилото од партијата кое се уште е лојално на поранешниот лидер Никола Груевски, се обидува да ја искористи моменталната внатрешна политичка ситуација за да спречи прифаќање на промената на името по секоја цена. Многу претставници на ВМРО ДПМНЕ се на суд поради корупција и злоупотреба на власта – па во позадина бараат амнестија.

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, ги претставува интересите на Русија, и исто така се противи на промена на државата, кое би допринело до зачленување во НАТО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.