Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: ЕУ да ги почитува своите ветувања и да ја награди Северна Македонија

0
By Нова ТВ on July 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целиот регион на Западен Балкан треба да го следи примерот на Северна Македонија и треба да ги забрза реформите, особено во сферата на владеењето на правото, почитувањето на човековите права и доброто извршување на власта, рече еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на Самитот за Западен Балкан во полскиот град Познањ.

Според Хан, „ЕУ мора да ги почитува своите ветувања и да ја награди „земјата што постигна историски напредок“, во спротивно ќе го наруши својот кредибилитетот.

„Стојам зад препораката на Европската комисија за започнување на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија и сметам дека Советот на ЕУ во октомври ќе ја потврди нашата позитивна оценка. Двете земји спроведоа реформи, особено во сферите наведени во заклучоците на Советот од јуни 2018“, рече Хан.

Еврокомесарот додаде и дека земјите од Западен Балкан во наредните години и натаму ќе можат да сметаат на поддршка од ЕУ во спроведувањето на реформите преку програмата ИПА 3, за која во следниот период е предвидено зголемување на средствата за 13 проценти.

Според Хан, економиите на земјите од Западен Балкан се веќе силно поврзани со ЕУ, на што укажува фактот дека над 70 проценти од трговската размена на регионот е со државите од Унијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.