Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Кај вас ќе се фокусираме на подобрување на економијата

0
By Светлана Јовановска on December 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 4, 2014 13:14

Новиот комесар за проширување Јоханес Хан смета дека на Македонија мора да и се помогне да ја подобри својата економија и да ги подобри условите за живот на своите жители. Хан ова го изјави сабајлево по средбата со вице премиерот за европски интеграции Фатмир Бесими во Брисел.

“Ќе треба во иднина да ги подобруваме макро економски показатели и буџетскиот дефицит. Но исто така би сакал да подвлечам дека моја цел во наредниот период е да се подобри економијата во земјата за да има подобри услови за живот за населението што е авоматски поврзано со правната држава, транспаретноста и борбата против корупцијата. Ако овие услови се исполнат можат да се привлечат директни инвестиции и од земјата и од надвор”, рече Хан.

Комесарот побара од опозицијата во Македонија да се врати во Собранието.

“Би сакал да побарам од политичките партии брзо да влезат во политички дијалог во парламентот а не надвор од него. Би сакал да ја видам опозицијата во парламентот а ако можам со нешто да придонесам тоа ќе го сторам. Имам намера да ја посетам поранешната југословенска Република Македонија во јануари за да разговорам со сите од различните политички партии за да се има напредок”, вели комесарот.

Новиот човек на европското проширување испрати порака дека е во потрага по решение за името но не сакаше да даде детали:

“Дискутираме во овој момент за тоа како да се најде решение кое и одговара на секоја земја и почнавме да разговараме на таа тема. Во моментов не можам да кажам ништо повеќе околу тоа но би сакал да ве уверам дека треба да се деблокира ситуацијата во сите земја а не само во вашата. Во Советот на ЕУ е потреба едногласност (за преговори за членство) и затоа треба да ги убедиме сите земји во тоа.”

Според Бесими “политичкиот дијалог треба да донесе резултати за европската интеграција со тоа што и опозицијата ќе биде во парламентот за да има отворен политички дијалог со сите. Важно е и тоа дека треба да се работи на решавање на отворените прашања со соседи и меѓуетничките односи”, рече Бесими.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.