Добро почнавте и ова треба да се одржи, порача денеска еврокомесарото за проширување Јоханес Хан во Скопје, еден ден откако ЕК во Извештајот за напредокот, препорака почеток на преговорите со Македонија за членство во ЕУ.
Хан изрази задоволство што е повторно во Скопје, но овојпат како што рече да ги најави долгоочекувани добри вести.
-Не сакам да ја скријам и личната среќа да прославиме денеска успех по толку посети поврзани со управување со кризата. Ова е еден момент и една обврска. Ова е еден пат кон Европа и останува уште многу да се направи, рече Хан на прес конференцијата во Владата со премиерот Зоран Заев.
Тој истакна дека со давањето на препораката, земјите членки го признале фокусирањето на земјата во исполнување на условите за почеток на преговорите. Тој рече дека за ова придонеле сите страни, и Владата во нејзината сериозност во пристапот кон реформите и опозицијата со поддршката на оваа национална цел.
Тој рече дека е задоволен е од спроведување на препораките од Прибе, но рече за да се задржи ова, нема простор за задоволство.
-Земјата помина долг пат и покрај тешките моменти за надминување на тешката политичка криза. Сега сте цврсто на европскиот пат. Гледаме дека има позитивна промена на енергија и надеж во земјата, рече Хан, додавајќи дека Македонија станала ветување за демократски промени во регионот.
-Со храбрите чекори во однос на пристапот кон градењето односи со соседите, земјата стана фактор на стабилност во регионот, земјите членки особено позитивно го оценија договорот со Бугарија и охрабрен сум од напорите за зајакнување на довербата со вашите грчки колеги во разговорите под покровителство на ОН. Им честитам на министрите за надворешни работи. Ова не е лесно, бидејќи се работи за билатерален спор, за надминување на проблеми до минатотио и за влез во ново ниво на односите меѓу земјите. Мислам дека решението може да се најде многу скоро, рече Хан.
На прашањето, дали ЕУ има план Б доколку ова прашање не се реши наскоро, Хан рече дека во политката секогаш мора да има копромис.
-Како што разбрав двете страни се одлучни да најдат решение и многу работат на тоа за да се дојде до фер и правичен договор во интерес на двете страни. Тоа треба да е целта и мислам дека тоа е можно и можно е во блиска иднина, рече Хан.
Премиерот Заев истакна дека следниот чекор на кој е фокусирана Владата е одлуката на Советот во врска со препораката од ЕК и тоа како што рече е поттик за Владата уште поенергично да го води процесот кои ќе доведат до датум за почеток на преговорите.
-Извештајот на ЕК ги вреднува сите наши заложби и започнати процеси што се одлика на демократски ориентирана држава. РМ го задоволува основниот политички критерум за членство во ЕУ, рече Заев.
На прашањето, која е користаза ЕУ Македонија да стане нејзина членка, Заев рече дека од приклучувањето на нашата земја, ЕУ може да има само корист.
-Од малата Република Македонија можат да добијат само додадена вредност: Ние сме пријателска земја, имаме европска култура, европско минато и иднина и може да бидеме само позитвна додадена вредност на европските вредности. Ние сме дел од таа Европа и припаѓаме и можеме да и донесеме само позитивни работи, рече Заев.




