Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Се чувствува позитивна промена, енергија и надеж во земјата

1
By Нова ТВ on April 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 18, 2018 09:50

Добро почнавте и ова треба да се одржи, порача денеска еврокомесарото за проширување Јоханес Хан во Скопје, еден ден откако ЕК во Извештајот за напредокот, препорака почеток на преговорите со Македонија за членство во ЕУ.

Хан изрази задоволство што е повторно во Скопје, но овојпат како што рече да ги најави долгоочекувани добри вести.

-Не сакам да ја скријам и личната среќа да прославиме денеска успех по толку посети поврзани со управување со кризата. Ова е еден момент и една обврска. Ова е еден пат кон Европа и останува уште многу да се направи, рече Хан на прес конференцијата во Владата со премиерот Зоран Заев.

Тој истакна дека со давањето на препораката, земјите членки го признале фокусирањето на земјата во исполнување на условите за почеток на преговорите. Тој рече дека за ова придонеле сите страни, и Владата во нејзината сериозност во пристапот кон реформите и опозицијата со поддршката на оваа национална цел.

Тој рече дека е задоволен е од спроведување на препораките од Прибе, но рече за да се задржи ова, нема простор за задоволство.

-Земјата помина долг пат и покрај тешките моменти за надминување на тешката политичка криза. Сега сте цврсто на европскиот пат. Гледаме дека има позитивна промена на енергија и надеж во земјата, рече Хан, додавајќи дека Македонија станала ветување за демократски промени во регионот.

-Со храбрите чекори во однос на пристапот кон градењето односи со соседите, земјата стана фактор на стабилност во регионот, земјите членки особено позитивно го оценија договорот со Бугарија и охрабрен сум од напорите за зајакнување на довербата со вашите грчки колеги во разговорите под покровителство на ОН. Им честитам на министрите за надворешни работи. Ова не е лесно, бидејќи се работи за билатерален спор, за надминување на проблеми до минатотио и за влез во ново ниво на односите меѓу земјите. Мислам дека решението може да се најде многу скоро, рече Хан.

На прашањето, дали ЕУ има план Б доколку ова прашање не се реши наскоро, Хан рече дека во политката секогаш мора да има копромис.

-Како што разбрав двете страни се одлучни да најдат решение и многу работат на тоа за да се дојде до фер и правичен договор во интерес на двете страни. Тоа треба да е целта и мислам дека тоа е можно и можно е во блиска иднина, рече Хан.

Премиерот Заев истакна дека следниот чекор на кој е фокусирана Владата е одлуката на Советот во врска со препораката од ЕК и тоа како што рече е поттик за Владата уште поенергично да го води процесот кои ќе доведат до датум за почеток на преговорите.

-Извештајот на ЕК ги вреднува сите наши заложби и започнати процеси што се одлика на демократски ориентирана држава. РМ го задоволува основниот политички критерум за членство во ЕУ, рече Заев.

На прашањето, која е користаза ЕУ Македонија да стане нејзина членка, Заев рече дека од приклучувањето на нашата земја, ЕУ може да има само корист.

-Од малата Република Македонија можат да добијат само додадена вредност: Ние сме пријателска земја, имаме европска култура, европско минато и иднина и може да бидеме  само позитвна додадена вредност на европските вредности. Ние сме дел од таа Европа и припаѓаме и можеме да и донесеме само позитивни работи, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.