Експресното приведување судии и други лица по неуспешниот обид за преврат во Турција покажува дека Владата во Анкара имала претходно подготвен список „за отстрел“, изјави денеска еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
По неуспешниот обид за воен удар во ноќта меѓу петокот и саботата, турските власти веќе во неделата приведоа околу 3.000 осомничени учесници во пучот од армијата – од високи команданти до обични војници, и, исто толку судии и обвинители.
„Изгледа како нешто што било подготвено однапред. Списоците биле на располагање што укажува на тоа дека биле подготвни да се искористат во одредена фаза”, рече Хан.