Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хаос на косовската граница, трговската војна стана политичка

0
By Менче Атанасова Точи on September 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 10, 2013 17:05

Границата со Косово може да се помине само пеш. Колони од возила, камиони, автобуси,залудно чекаат за влез во Косово бидејќи граничниот премин е целосно блокиран во двата правци. Македонските превозници, членови на здружението „Макамтранс“го блокираа преминот во знак на протест по косовската трговска блокада.

-Во очекување сме на одговор од Владата, засега можам да кажам дека блокадата ќе трае се додека надлежните институции од двете држави не се договорат и не го решат проблемот изјави за НОВА Биљана Муратовска генерален секретар на „Макамтранс“.

Неофицијално, инспекциите на граничниот премин Блаце ги отстрануваат дивите таксисти што ги превезуваат патниците кои се обидуваат границата да ја поминат пеш.

Претседателите на Стопанската комора на Македонија и на Сојузот на стопанските комори до крајот на денов можеби ќе излезат со заедничка реакција во врска со трговската војна што ни ја наметна Република Косово, најави Љубица Нури од Стопанската комора.

– Мерката нe е трговска, туку политичка. Трговските мерки се носат во рамките на некои правила, а оваа мерка е вон сите правила. Очигледно е дека не се работи за мерка која е во рамките на ЦЕФТА, туку е билатерална од страна на Република Косово кон Република Македонија, за разлика од нашата мерка која беше во рамките на Договорот за ЦЕФТА. Мерката не е пријавена ни во ЦЕФТА Секретаријатот во Брисел со што се потврдува дека се третира како билатерална од Косово кон Македонија изјави Нури.

Откако вчерашната средба на владините преставници од двете држави заврши без договор, владата денеска расправа за проблемот кој настана со Косово. Не е исклучена можноста Владата да одговори со визи за косовските граѓани.

-Трговската војна која премина во политичка направи хаос на граничниот премин пишуваат косовските медиуми.

Косовската влада која минатата недела воведе ембраго на одредени производи, а веднаш потоа строго го забрани увозот на сите македонски производи се правда дека на ваков начин си ги заштитува граѓаните и сопствената економија.

Министерот за финансии Бесим Беќај изјавил денеска на Косово, дека жали за комплетната блокада на границата со Македонија и потенцирал дека косовската влада е посветена на заштита на интересите на Косово.

“Владата беше принудена да донесе ваква одлука, со која се блокира стоката која потекнува од Македонија . Ова е одговор на мерките преземени од страна на македонската влада за блокирање на брашно , а потоа и обидот да се спречи слободното движење на граѓаните”,изјавил министерот Беќај на состанокот со претставниците на бизнис заедницата и здруженија на производители и преработувачи на прехранбени производи.

Во стопанската комора велат дека ваквиот проблем отвора можност за прераспределба на трговските сили во регионот, што значи дека на косовкиот пазар може да влезат Србија,БИХ, или Хрватска со своите производи. Од таму велат дека со ембаргото не само што губи Македонија, туку губат и косовките бизнисмени.

Реакција за трговската војна меѓу Македонија и Косово стигна и од Комитетот за инвестиции при Југоисточна европа. Од таму се надеваат дека проблемот сепак може да биде решен во рамки на организацијата ЦЕФТА.

-Ова сигурно не е нешто што води кон позитивен развој.Се надеваме дека оваа ситуација многу брзо ќе се разреши. Целото несогласување е во рамки на ЦЕФТА која има одредени механизми низ кои тоа несогласување може и да се реши ,бидејќи е во корист и на едната и на другата економија, изјави Сањин Арифагич-координатор на стратегијата ЈИЕ.

Домашните компании како „Витаминка“, „Европа“ и голем број други членки на Стопанска комора веќе реагирале и бараат итно решение на проблемот.

Македонија која по забраната за увоз на пченица и брашно, ударот го очекуваше од Србија која реагираше на овие мерки, целосна блокада доживеа од Косово. На овие мерки, македонската страна возврати со такса за возилата и патниците кои влегуваат од Косово, а се отвора можноста и за воведување на визи за косовските граѓани. Неизвесно, е и дали Македонија во ваква ситуација ќе ја укине мерката за ограничен увоз на брашно, за која беше најавено дека најверојатно ќе биде укината до 15-ти септември.

Минатата година вкупната трговска размена на Македонија со Косово изнесуваше 421 милион долари, од кои 392 милиони беа извоз, а 29 милиони увоз. Во првите осум месеци од годинава размената е 145 милиони долари, од кои 132 милиони извоз, а 14 милиони увоз.

Во Косово најмногу извезуваме цемент, лекови, нафтените деривати, производи од челик и железо, цигари, пекарски производи, пијалаци, зеленчук и овошје, а најмногу увезуваме остатоци од челик, пластични плочи, битумен и асфалт и заварувачки цевки.
[

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.