Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хартман: До пролет 2020 година – Македонија полноправна членка на НАТО

0
By Нова ТВ on January 29, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 29, 2019 09:45

Ратификацијата на пристапниот протокол варираше во неколкуте кругови на прием на нови членки што ги имаме зад нас, но се надевам дека до пролетта 2020 година ќе бидеме во можност да ве дочекаме како  полноправна членка на нашиот сојуз, вели во интервјуто за 360 степени Тања Хартман, претставничка на НАТО – Сектор за политички прашања и безбедносна политика,  задолжена за водење на досието за Македонија.

Кога ќе биде потпишан пристапниот протокол со идната Република Северна Македонија?

– Ние во следните денови ќе го идентификуваме датумот за потпишување на пристапниот протокол. Прво, има неколку административни процедури што мора да ги завршиме и штом тоа е готово, ќе можеме да одредиме датум за состанок на Северноатлантскиот совет на кој ќе се случи потпишување на пристапниот протокол.

Некои земји-членки имаат комплицирани внатрешни процедури, кога станува збор за давање согласност на нивните постојани претставници во НАТО да потпишат пристапен протокол. Дали ова може да влијае на целата процедура?

– Секој од 29-те сојузници има своја посебна домашна процедура за добивање дозвола за потпишување на пристапниот протокол. Но, не би ја нарекла таа процедура комплицирана или комплексна. Таа е, едноставно, вообичаен дел од демократскиот процес. Јас очекувам дека за неколку недели ќе бидеме подготвени за потпишување на пристапниот протокол, но не гледам некакви екстремни одложувања во врска со тоа.

Дали Република Северна Македонија ќе седне на масата на НАТО веќе на следниот состанок на министрите за одбрана?

– Штом го потпишеме пристапниот протокол идната Северна Македонија ќе ни се придружи на масата, заедно со другите земји-членки, на сите состаноци на НАТО. Ако пристапниот протокол се потпише пред состанокот на министрите за одбрана, ако тоа е случај, тогаш апсолутно министерот за одбрана ќе биде присутен на состанокот на министрите за одбрана во средината на февруари. Би сакала да ја искористам оваа прилика да го повторам она што во петокот веќе го изјави генералниот секретар кога ја поздрави ратификацијата на договорот од Преспа во Атина, кога кажа дека се радува што ќе ја пречека идната Северна Македонија во нашето семејство.

Во која временска рамка очекувате да заврши целиот процес на ратификација на пристапниот протокол?

– Ратификацијата на пристапниот протокол варираше во неколкуте кругови на прием на нови членки што ги имаме зад нас. Можам да го посочам примерот на Црна Гора, кога тој процес траеше 12 месеци и очекувам дека грубо, тоа ќе биде истото потребно време кое може да го очекуваме и во овој случај. Се надевам дека до пролетта 2020 година ќе бидеме во можност да ве дочекаме како  полноправна членка на нашиот сојуз.

Кои се следните чекори во реформите што се бараат? На пример, дали очекувате да заврши процедурата на проверка во разузнавачките служби?

– Реформскиот процес е навистина многу важен дел од целиот пристапен процес. Тој реформски процес се случува не само за време на пристапот туку и потоа. Тоа е долгорочен тековен процес на интеграција и реформи, со цел да се стане полноправна членка и потполно способен сојузник. Има неколку поглавја на кои сојузниците укажаа дека би сакале да видат напредок во реформите. Разузнавачкиот и безбедносниот сектор се едни од нив. Но, тоа не се единствените. Сојузниците, исто така, сакаат да видат напредок и во владеењето на правото, независноста на судството и одбранбените способности. Вооружените сили на вашата земја веќе се веродостојно способни и сме се бореле покрај нив и сме служеле со нив во Авганистан. Очекуваме да работиме со нив за уште повеќе да ги зајакнеме нивните одбранбени способности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.