Косовскиот премиер Хашим Тачи во сабота ќе престојува во Тирана, на покана на премиерот во заминување Сали Бериша, јавува Макфакс.
Во рамки на посетата, предвидено е Тачи да се сретне и со албанскиот претседател Бујар Нишани, како и со идниот премиер Еди Рама.
Косовскиот премиер ќе разговара за односите меѓу Косово и Албанија, како и за соработката во процесот на евроинтеграциите