Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хeлесиншки комитет: Прекршени правата на средношколците

0
By Нова ТВ on March 18, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 18, 2015 12:16

На само еден ден пред почетокот на средношколските протестите во неколку градови низ Македонија и пред големиот протест најавен за 19.03.2015, четврток во Скопје, повторно осамнаа летоци со содржина која има за цел да ги обесхрабри младите слободно да го изразат своето мислење.

Очигледно е дека летоците се во манирот на негативната пропаганда која од страна на власта се пласира во јавноста, за т.н. „внатрешни непријатели“ на Република Македонија како што се меѓународните фондации, невладини организации и претставници на опозициските партии. Дистрибуираната содржина укажува на перфиден обид да се искористи моменталната политичка криза и дефокусира незадоволство на средношколците преку нивно поврзување со претставници на партиите во опозиција. За разлика од првиот бран на клевета и обиди за смеќавање на правото на слободно здружување и изразување, вториот бран директно ги партизира младите луѓе и со тоа повторно го повредува достоинството и угледот на секој кој ќе се осмели да се приклучи кон движењето.

До Комитетот се обратија и средношколци од градот Ресен кои се мета на закани со насилство, обиди за поткуп и вршење притисок преку родителите. Конкретно, се работи за наводи за поткуп на средношколците и делење на минимален износ на парични средства доколку не излезат на денешниот протест.

Младите луѓе наведуваат и дека им се заканувале доколку излезат на протестот дека ќе се соочат со поголеми последици како што се: исклучување од училиште, намалување на поведение, забрана за полагање на матура, исклучување од училишни екскурзии, затворање на вратите на училиштето и игнорирање на евентуална потреба од помош за полагање на екстерниот испит. Особено загрижуваат наводите за контакт со родители на децата во пленумот кои се соочиле со непристојни предлози како што се: отпуштање, па потоа понуда за враќање на работа како и вршење на притисок врз родители преку роднини кои што се членови на владејачката партија.

Комитетот смета дека со ваквите постапувања се исполнети битијата на кривичните дела загрозување на сигурноста на повеќе лица, спречување и смеќавање на јавен собир и насилство. Поради ова, Комитетот ги повикува родителите да поднесат кривични пријави против директорот на училиштето кој ја злоупотребил својата функција за смеќавање на јавен собир преку закани и обид за корупција на младите, но и против сите други што на таков начин се обиделе да го спречат собирот на младите луѓе. Комитетот им стои на располагање на сите оние на кои што им е потребен правен совет за преземање на овие дејства.

Поради зачестените закани упатени до средношколците, Комитетот најавува дека со особено внимание ќе го набљудува протестот на средношколците најавен за четврток и однапред ги повикува надлежните институции да преземат мерки за да им се овозможи правото на протест на младите луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.