Четворица припадници на воздухопловните сили на САД загинаа синоќа во хеликоптерска несреќа, пренесува Си-Ен-Ен.
Хеликоптерот “Паве Хавк ХХ-60Г“ на американските воздухопловни сили од британската база во Лејкенхејтх се урна на англискиот брег на Северното море 180 км североисточно од Лондон.
Несреќата се случила за време на вечерните вежби кога хеликоптерот летал ниско. Истрагата ќе потрае неколку дена.