Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Алфите кои ги претепаа двете ромчиња да одговараат кривично

0
By Менче Атанасова Точи on June 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 17, 2014 14:57

Хелсиншкиот комитет го повикува јавниот обвинител да се заинтересира за случајот на претепаните деца од ромска националност од страна на Алфите и да покрене постапка против полициските службеници по повеќе основи, согласно Кривичниот законик на Република Македонија.

Сторијата на НОВА за двајцата малолетници кои беа претепани од Алфите предизвика бурни реакации кај граѓаните , а Хелсиншкиот комитет случајот го следи од самиот почеток, по пријавата од родителите.

-Комитетот е згрозен од однесувањето на полициските службеници од единицата
Алфи во нивното постапување кон малолетни деца кои што не се во можност да се
бранат ниту можат да нанесат некаква штета на возрасни полициски службеници. Овој
случај не е прв и Комитетот потсетува дека минатата година ја обележи полициската
бруталност во населбата Топаана каде што граѓани од ромската етничка заедница беа
тепани без никаква причина. Дополнително Комитетот потсетува дека граѓаните од
оваа заедница се почесто се соочува со дискриминаторски однос од страна на
институциите и граѓаните, а особено се жали на третманот кој го добива од
полициски службеници, се вели во последниот извештај на Хелсиншкиот комитет. .

Станува збор за двајца малолетници од кои едниот на возраст од 12 , а другиот на 17 години, кои на 19-ти минатиот месец биле пресретнати во близина скопското Кале од страна на полициската единица Алфи и запрени поради наводно сомнение за сторено кривично дело кражба.

– Според наводите на родителите на двете деца и сведоци од местото на
настанот, полициските службеници веднаш употребиле физичка сила со цел да
изнудат признание од двете деца тепајќи ги со тупаници, клоци, влечење за коса и
гумени палки. Согласно изјавата на двете малолетни деца и родителите полициските
службеници воопшто не разговарале со двете деца туку веднаш примениле
прекумерна сила и по пристигнување на родителите на местото на настанот не
дозволиле никаков контакт. Напротив, родителите добиле закани да не се
приближуваат до нивните деца со наредба да се оддалечат, грубо и непристојно
обраќајќи им се со зборовите „Бегај оттука“ и „Бегај понатаму“.

Подоцна на соочување со оштетената е утврдено дека децата не ја сториле кражбата, по што се однесени во болница. Веќе наредниот ден на Б.М. му се влошила здравствената состојба и е однесен на скоспските клиники каде што е констатирано нагмечување на глава, на врат, нагмечување на граден кош и гребаници по градниот кош.

Хеласиншкиот комитет бара да се покрене постапка за утврдување на кривична одговорност на полициските службеници кои ги тепале децата, за тортура и друго сурово, нечовечно и понижувачко постапување и казнување, бидејќи како што се наведува во извештајот, повеќе од очигледно е дека целта на тепањето било добивање на признание од
малолетниците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.