Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки/ЦИВИЛ:Итно ослободување на приведените, почитување на право на протест

0
By Нова ТВ on May 6, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 6, 2015 13:55

Хелсиншкиот комитет и невладината Цивил ја осудуваат употребата на прекумерна сила од страна на полицијата и повикуваат да се почитува правото на граѓаните на мирен и ненасилен протест.

Според информациите на Хелсиншки комитетот, во вчерашните инциденти биле приведени повеќе од четириесет лица, од кои најголемиот дел се уште се задржани во повеќе полициски станици во Скопје. Претставниците на Комитетот кои го следеа протестот забележале дека голем дел од приведените не беа дел од групата која се судираше со полицијата, а дел од нив воопшто не учествувале во протестот.

„Хелсиншкиот комитет најостро ја осудува прекумерната употреба на сила од страна на полицијата и агресивното однесување на дел од учесниците на протестот. Комитетот ја повикува полицијата целосно да го почитува правото на граѓаните на јавен собир и изразување на мислење, а граѓаните да го практикуваат своето право на мирен и ненасилн начин. Истовремено, Комитетот ги повикува сите граѓани кои беа приведени во вчерашните инциденти и врз кои беше применета прекумерна полициска сила да се обратат во кацеларијата на Комитетот со цел евидентирање на сите случаи и обезбедување соодветна правна помош“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Од невладината ЦИВИЛ велат дека се уште се во притвор 27 луѓе, меѓу кои и три жени. Тие бараат итно ослободување на сите бесправно приведени граѓанки и граѓани и одговорност за синоќешната бруталност на полицијата.

Од таму велат дека полицијата безмилосно ги тепала демонстрантите синоќа, не само пред седиштето на владата, туку и по улиците во поширокото централно подрачје, по паркинзи, паркови и во библиотеката „Браќа Миладиновци“.

„Засега, непознат број граѓанки и граѓани беа тепани, малтретирани и навредувани, а дел од нив и приведувани без никаква основа и објаснување. Според информациите, сѐ уште се во полициски притвор 10 лица во полициската станица Пролет, а 17, вклучувајќи три жени, се во полициската станица во Автокоманда.

Тие биле тепани и малтретирани при приведувањето, задржани во полициски притвор цела ноќ, изведени се пред суд и, според нашите извори, на некои од нив им се закануваат со кривично гонење, без никаква основа. И сѐ уште се заложници на дивата и брутална реакција на власта по синоќешните демонстрации“, соопштуваат од ЦИВИЛ.
Според извештаите на ЦИВИЛ, сите приведени биле тепани откако биле совладани, не пружале никаков отпор, биле легнати на земја и имале лисици на нив.

„Тоа е крајно брутално однесување и кршење на човековите права по сите основи. Нападот на библиотеката „Браќа Миладиновци“, тепањето и малтретирањето на студентите, кои таму учеле, било спроведено на крајно незаконски начин. Затоа ги повикуваме сите припадници на полицијата, да не следат команди кои се противзаконски бидејќи имаат право да не почитуваат наредба која е спротивна на Уставот и законите на Република Македонија. Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани на воздржување од насилство, а сите повредени, демонстранти и полицајци, се непотребни жртви на погрешните политики на власта“, велат од ЦИВИЛ.

Еве што забележале од Хелсиншкиот комитет кој преку свои претставници беше присутен на вчерашниот граѓански протест пред Владата на Република Македонија на кој граѓаните повторно го изразија својот револт за непреземањето на одговорност за убиството на Мартин Нешковски:

„Протестот започна во 18 часот со спонтано собирање на граѓаните преку претходно договарање на социјалните мрежи. До 20:30 часот, протестот беше без поголеми инциденти и судири помеѓу граѓаните и полицијата. Првите посериозни судири со полицијата започнаа околу 22 часот. тогаш, полицијата започна со истиснување на сите граѓани кои беа пред Владата.

Хелсиншкиот комитет забележа дека полицијата при истиснувањето на граѓаните употреби несразмерна и прекумерна сила. Полициските службеници не ја ограничија употребата на сила само на оние граѓани кои беа агресивни кон нив, туку неселективно ги удираа и газеа сите граѓани, од кои голем дел седеа мирно на земја со кренати раце. Потоа полицијата пристапи кон приведување на учесниците во протестот.

При приведувањето, полицијата повторно примени неселективна, прекумерна и несразмерна сила. Приведувањето траеше и кога граѓаните повеќе не учествуваа во протестот и заминуваа кон своите домови. Ова го потврдува и фактот што во 23:30 часот, полициските службеници насилно влегоа во повеќе објекти, помеѓу кои и библиотеката „Браќа Миладиновци“ и повторно примени несразмерна и прекумерна сила кон сите млади кои беа присутни во библиотеката под изговор дека дел од нив наводно биле учесници во протестот“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.