Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки ја промовираше интернет платформата „Пријави корупција“

0
By Нова ТВ on December 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на  Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, 9-ти Декември,  Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска  ја промовираше интернет платформата prijavikorupcija.mk на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.  Студентите и професорите имаа можност директно да се информираат и да ја тестираат платформата на штандови поставени во факултетите во кампусот на УКИМ.

Претседателот на Управниот одбор на Хелсиншкиот комитет, проф. Гордан Калајџиев посочи дека Комитетот котира многу добро во анкетите на јавното мислење за невладиниот сектор и дека целта е оваа доверба од граѓаните да се искористи и за нивен бенефит и за државните интереси. ,, Врз основа на позитивните искуства на Хелсиншкиот комитет од пријавување на дела од омраза преку интернет, и оваа платформа е осмислена како мост или алатка каде што граѓаните ќе можат безбедно и со доверба да пријават корупција, било да се жртви, сведоци или од друга страна да имаат информација’’ изјави Калајџиев  и нагласи дека Хелсиншкиот комитет ќе обезбеди анонимно и безбедно пријавување, како и бесплатна правна помош во случаите каде што тоа е потребно.

Платформата prijavikorupcija.mk претставува безбеден простор за пријавување на сите случаи кои содржат елементи на коруптивно кривично дело. Освен ова, платформата на корисниците им  овозможува да се информираат за корупцијата и нејзините елементи, ги информира граѓаните за нивните права како жртви или сведоци на корупција, но и за обврските за пријавување до надлежните институции.

Интернет платформата prijavikorupcija.mk е изработена со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Платформа пријави корупција Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.