Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Jавните обвинителства и судовите сe солидарни со полицијата

0
By Нова ТВ on June 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 26, 2016 10:30

Денес, 26 јуни, сe одбележува меѓународниот ден за поддршка на жртвите од мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување.

Во своето обраќање до нациите, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун порача „Правото е кристално јасно: мачењето е недозволено во било кое време и под било кои услови, вклучително и за време на конфликт или кога постои опасност за националната безбедност. На овој Меѓународен ден за поддршка на жртвите од тортура, ја изразуваме нашата солидарност и поддршка кон стотиците илјади жртви на тортура и нивните семејства низ светот“.

Во текот на 2015 година, Европскиот суд за човекови права донесе рекордни 5 пресуди против Р. Македонија што се однесуваат на член 3 од Европската конвенција за човекови права – Забрана на мачење, соопшти Хелсиншкиот комитет.

„Во сите пресуди се работи за тортура извршена од страна на државни службеници, но и покрај тоа што овие случаи биле пријавени во обвинителствата, за нив или воопшто немало никаква истрага или истрагата била целосно неефективна. Хелсиншкиот комитет во последните три години има регистрирано дузина слични случаи за кои обвинителствата не спроведуваат ефективна истрага или државата не ја надоместува штетата.

Дел од овие примери се брутално нападнатиот граѓанин на улица во Охрид од страна на полицијата, осуденото лице кое по напад на затворски полицаец изгуби еден бубрег и слезината, нападот на голем број полициски сили против граѓани од ромската заедница во населбата Топаана, претепувањето на невино момче во Полициската станица во Демир Хисар, тепањето на малолетни деца Роми од страна на Полициската единица „Алфа“, врзувањето со јаже на малолетниот Леон погрешно сместен во установа за лица со телесна попреченост и употребата на загадена вода во Затворот „Куманово““, вели Хелсиншкиот комитет.

Во текот на март 2016 година, Хелсиншкиот комитет испрати 49 барања за информација во врска со заведени предмети по кои основните јавни обвинителства и судовите постапувале по кривичните дела Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување (предвидена затворска казна од 3 до 20 години) и Малтретирање во вршење на службата (предвидена затворска казна од 1 до 5 години) за периодот од 2009 до 2015 година. Беа добиени повратни информации од 21 (од вкупно 26) суд и 20 (од вкупно 23) основни јавни обвинителства.

Според добиените одговори од судовите, за период од шест години, тие постапувале по 22 предмета поврзани со тортура и по 56 предмети поврзани со малтретирање. За кривичното дело тортура немало ниту една осудителна пресуда со која некој бил осуден на затворска казна. Биле донесени само осум пресуди со условна осуда, како алтернативна мерка. Што се однесува до кривичното дело малтретирање во вршење на службата, била донесена само една пресуда со утврдена затворска казна (шест месеци) и 16 пресуди со условна осуда. Основните јавни обвинителства постапувале по 32 предмети за тортура.

Само во седум од нив имало истрага и било поднесено обвинение. За малтретирање во вршење на службата обвинителствата постапувале во 138 предмети, истрага имало за 30, а обвинение било поднесено во 22 предмета.

Хелсиншкиот комитет се приклучува кон одбележувањето на овој меѓународен ден и упатува апел до властите конечно да го препознаат постоењето на тортурата и да развијат политики за заштита од овој варварски чин. Властите мораат да спроведат политика на нулта толеранција за акти на тортура од страна на службени лица. Крајно време е да се соочиме со феноменот на неказнивост и солидаризирање на јавните обвинителства и судовите со полицијата. Главниот фокус мора да се насочи кон жртвите на тортура за кои државата сè уште не обезбедува соодветна правна, медицинска, психолошка и социјална поддршка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.