Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Ќе избегневме смрт и штети ако надлежните работеа по закон

0
By Сашка Цветковска on August 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 12, 2016 11:54

Ќе се избегнеше и смрт и штети ако надлежните ги исполнеа своите законски обврски за превенција и постапување во случај на поплави, ова е заклучокот од обемната експертска анализа на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи , Собранието на РМ, Владата  и органи на државната управа се одговорни за да спречат вакви катастрофи.

„Во деновите по полавата, јавноста можеше да забележи несоодветна координација на одделните компоненти во системот за управување со кризи, несоодветно постапување на одделните институции и тела и крахирање на системот во целост. Превентивните планови и мерки со години беа занемарувани, а мерките на заштита и спасување беа несоодветно и недоволно квалитетно спроведени. Неколку денови по полавата, сé уште има семејства и куќи кои немаат пристап до најосновните намирници (вода и храна), додека мерките на здравствена заштита и спречување на заболувања и епидемии сé уште не се применуваат.“

Тие ги нотираат обврските и пропустите. Зошто не се испратени епидемиолози, зошто не се изработени нови процени за загрозеност од природни непогоди, како е можно да не се направи обдукција, каде е годишната програма за заштита и спасување на Советот на Град Скопје и на Владата и дали воопшто е донесена, зошто никој не ги предупреди граѓаните за невремето. Подолу прочитајте ги сите заклучоци.

  1. На ден 25.09.2007 година, Владата на РМ има донесено Одлука за процена на загрозеност од природни непогоди, епидемии, епизотии, ептитофии и други несреќи на територијата на РМ заведена под број бр.19-4911/1   објавена во „Службен Весник“ на РМ бр.117/07. Оваа процена е донесена  врз основа на податоци од последниот Попис во 2002 година. Процената се врши врз основа на број на население, изградена инфраструктура, хидротехничка документација за водотеци, езера и брани, водостопанската основа на РМ. Од денот на донесување на оваа Процена до денес се поминати скоро 9 години, па се поставува прашањето зошто Владата на РМ нема донесено нова Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи која ќе се базира на нови податоци кои ќе соодвествуваат со реалната фактичка состојба;
  2. Согласно член 26 од Законот за заштита и спасување при ДЗС се формираат тимови, за брз одговор од разни видови специјалности (од вработените на ДЗС и од стручни лица и органи на државната управа, јавни претпријатија, експерти сл.) Оваа законска обврска не беше исполнета, затоа што вечерта на непогодата и периодот потоа, на лице место на погодените области, немаше ниту доволно персонал, ниту механизација.
  3. Во јавноста сé уште нема официјални информации за здравствените ризици и изложеноста на жртвите од поплавите на таквите ризици. Во јавноста исто така нема информации за тоа дали доктори-епидемиолози и специјалисти по хигена од Институтот за јавно здравје и Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство на РМ,извршиле процена на здравствениот ризик по настанатите поплави, односно процена за можноста за појава на заразни болести кај населението.Согласно член 9 од Законот за заштита и спасување, Владата на РМ, и Советот на град Скопје донесуваат годишна програма за заштита и спасување. На официјалните интернет страни на надлежните институции нема никакви податоци за оваа програма.
  4. Во 2010 година, Владата на РМ врз основа на член 50 од Законот за заштита и спасување има донесено Уредба за спроведување на мерката заштита и спасување- евакуација на население, со која се уредува спроведувањето на евакуацијата на населението, во рамките на мерките за спасување и заштита. Според следењето на ситуацијата на терен, Владата на РМ не постапила согласно одредбите на оваа уредба и населението што е загрозено од поплавитене е евакуирано.
  5. Република Македонија е членка на ИНТЕРПОЛ и со тоа има обврска да го спроведува Протоколот на ИНТЕРПОЛ за идентификација на жртви настрадани во катастрофа(Disaster Victim Identification -DVI). Овој протокол наложува идентификацијата на жртвите да ја вршат експерти од Институтот за судска медицина со земање на отпечатоци и вршење на ДНК анализа затоа што при настанати катастрофи, ретко е возможно жртвите да бидат визуелно препознаени и идентификувани. По поплавата, Институтот се изјасни дека ниту една институција нема побарано од нив да излезатна терен и  да преземат соодветни мерки во насока на идентификација и постапување со телата на загинатите. Протоколот на ИНТЕРПОЛ за идентификација на жртвите при катастрофи не е испочитуван и Јавен обвинител нема издадено наредба за обдукција на телата на починатите.
  6. Хидрометеоролошкиот завод на РМ, како орган што ги следи хидрометеоролошките услови не издаде предупредување за опасното невреме, со цел населението да биде подготвено за големото невреме.Официјалната изјава од оваа институција е дека станува збор за „водена бомба“ која никој не можел да ја предвиди и да се подготви за неа, евидентирано е дека најмалку еден ден пред поплавата на приватни интернет портали се забележуваат предупредувања заневреме од ваков тип.
  7. Во јавноста, експерти од областа на архитектурата изнесоа свое експертско мислење за изградбата на новата обиколница кои истакнаа дека оваа обиколница не била градена согласно одредбите од Законот за градење и според Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Бараме од надлежните институции да ги испитаат овие тврдења и доколку се покажат за точни, случајот да се проследи до надлежното Основно Јавно Обвинителство за да се утврди одговорноста на сите инволвирани во планирањето и изведувањето на обиколницата. Одговорните треба да да се гонат според член 292 вв со член 294 од КЗ, односно тешки дела против сигурноста и неостранување на опасност.

Тие сметаат дека се направени огромни пропусти и дека, и покрај приоритетите да им се помогне на настраданите, одговорност мора да се понесе.

-Органите на државните управи континуирано покажуваат дека не само што немаат капацитети да се справаат со оваа криза, туку и постапуваат спротивно на позитивните законски прописи. Ваквото постапување на органите на државната управа по настаната поплава и непреземањето на превентивните мерки за заштита, се директни виновници за црниот биланс на жртвите настрадани во оваа катастрофална поплава. Во овие моменти е најзначајно да се обезбеди помош и заштита на жртвите од поплавата, но Комитетот се надева дека надлежните институции во најкус можен рок ќе ги преземаа потребните мерки за утврдување на одговорност кај надлежните институции и лица кои придонесоа за потфрлањето на системот за превенција и заштита од поплави, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

 

 

поплави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.