Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет: Лани регистрирани 70 инциденти и дела од омраза

0
By Нова ТВ on July 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седумдесет инциденти и дела од омраза регистрирал Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2017 година. Најголем дел од нив, односно во 35 инциденти, основ била политичката припадност, а во 30  националноста. Најногу од делата – 34 биле насилство, во 30 имало оштетување имот, а тешки и телесни повреди имало, исто така, во 30 дела.

Овие податоци, содржани во Извештајот на Хелсиншки комитет за криминал од омраза, според Уранија Пировска, укажуваат на фактот дека многу се зборува за надминување на стереотипи, за спречување говор на омраза, а оти многу малку се прави во пракса.

– Потребно е сериозно да се сфати говорот на омраза, затоа што несправувањето значи продукција на инциденти и кривични дела од омраза, рече Пировска на денешната прес-конференција.

Најчесто жртви се млади луѓе, а процентуално и сторители и жртви се подеднакво припадници и на македонската и на албанската етничка заедница.

– Ова зборува дека државата не вложува доволно во едукација и обрзование, во развивање на толеранцијата, разбирањето и соживот со другите етнички заедници, рече Пировска.

Според Хајди Штерјова-Симоновиќ, од Хелсиншкиот комитет, треба да се нагласи и фактот што и покрај тоа тие лани констатирале 70 дела од омраза, а МВР пријавило само две, и дополнително едно за кое се води судска постапка. Затоа, рече таа, потребно е и институциите и граѓаните да се научат да ги препознаваат ваквите дела.

Како дела од омраза, од Хелсишнкиот комитет ги сметаат и настаните од 27 април, на кои, како што посочуваат им претходел говор на омраза, но и убиството на навивачот на „Комити“ Никола Садовски.

Денешната прес-конференцијата е посветена на 22 јули, предложен за „Европски ден на жртвите од криминал од омраза“ од страна на Советот на Европа. По тој повод в недела во 18 часот во Јавна соба по петти пат ќе го организираат настанот „Турлитава – заедно е послатко“, поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел симболично да се одбележи Европскиот ден на жртвите од криминал од омраза.

дела од омраза инциденти Хелсинчки комитете
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.