Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет: Симптоматична одлука на Уставен веднаш по „Титаник“ на СЈО

0
By Нова ТВ on February 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 24, 2016 16:45

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија остро реагира на одлуката на Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување.

– Оваа одлука практично претставува најава за она што на следната седница ќе се случи, а тоа е укинување на Законот со кој се утврдува дека помилувањето не може да се даде на лица осудени за кривични дела против изборите и врз основа на кој се формираше Комисијата за помилување. Ваквото законско решение беше донесено заради заштита на јавниот интерес и процесот на демократизација како и поголема правна сигурност на граѓаните, како темелна вредност на уставниот поредок на Република македонија, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

Оттаму велат симптоматично е што Уставниот суд денес одлучи дека има потреба за оценување на уставноста на овој закон, особено ако се земе предвид фактот дека оваа иницијатива е поднесена на почетокот на месец февруари 2016, веднаш по отворањето на случајот „Титаник” од страна на Специјалното јавно обвинителство, во кој во својство на сомничени за изборни измами се поранешните министри Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловска и останати лица блиски до владејачката коалиција.

– Брзината на постапувањето која денес ја покажа Уставниот суд во овој случај е единствен пример за брзо постапување по одредена иницијатива, со што многу транспарентно се разоткрива неговата улога на инструмент за одбрана на партиските интереси на владејачката коалиција, се вели понатаму во реакцијата.

Во конкретниот случај не изненадува што Владата и Собранието на РМ дале мислења дека законското решение е во согласност со Уставот, поради тоа што владејачката коалиција била таа која го предложила и изгласала овој закон во 2009 година, се со цел да ги ограничи ингеренциите на тогашниот претседател на РМ, кој доаѓаше од редовите на опозициската партија.

– Напротив, она што изненадува е фактот што и покрај ваквите мислења, Уставниот суд дозволува да биде искористен од страна на партиите на власт и да поведе постапка за законско решение кое може да се толкува во позитивна насока, особено во делот за изборите. Она што исто така треба да се земе предвид е и фактот дека со укинувањето на ова законско решение, ќе се укине и Комисијата за помилување, која требаше да обезбеди минимум транспарентност и експертиза во одлуките на Претседателот во делот на помилувањето, заклучува Комитетот за човекови права.

Хелсиншкиот комитет го повикува Уставниот суд да се издигне над партиските и индивидуалните интереси и да донесе одлука со која нема да утврди неуставност на законот и нема да го укине.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.