Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Лустрирањето на Костова – акт на политичка одмазда против критичарите

0
By Нова ТВ on April 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 20, 2015 13:44

Последното Решение на Комисијата за верификација на фактите од 26 март 2015 година, со кое се лустрира новинарката Јадранка Костова, претставува уште еден класичен акт на политичка одмазда против неистомислениците и критичарите на актуелната власт, се вели во мартовскиот извештај на Хелсиншкиот комитет.

– Донесувањето на решението следува една седмица по емитувањето на документарниот филм насловен „Македонија: Зад фасадата“ прикажан на телевизијата Ал Џезира во кој новинарката и главен уредник на неделникот „Фокус“ изнесува критични ставови за случувањата во државата. Датумот на кој е донесено решението – 26 март – е истиот датум кога во 2013 година поранешниот главен уредник на неделникот „Фокус“, под сомнителни околности го изгуби својот живот во сообраќајна незгода“, се забележува во извештајот.

Хелсиншкиот комитет уште еднаш би сакал да потсети на укажувањето на Советот на Европа дека процесот на расчистување со минатото мора да биде заснован врз принципите на законитост и правичност. Наспроти ваквите постулати, оценува Хелсиншкиот комитет, процесот на лустрација во Македонија е класичен пример за инквизиторска постапка во која обвинетите лица воопшто не се сослушуваат и немаат можност да се бранат.

„Како последица, за низа професии како новинари, професори и други, резултатот од оваа постапка е еднаков со казнената санкција од Кривичниот законик – забрана за вршење професија, дејност или должност. Ваквиот став е содржан и во неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права. Поради сите наведени причини, Хелсиншкиот комитет ќе продолжи активно да ги штити основните права и слободи на сите недолжни жртви на неправичниот процес на лустрација. Доколку Управниот суд во овој случај не ја обезбеди тајноста на личните податоци, заштитата на личниот интегритет, почитувањето на приватноста, семејниот живот, достоинството и угледот, Комитетот е убеден дека правдата ќе биде задоволена пред Европскиот суд за човекови прав“, пишува Хелсиншкиот комитет во последниот месечен извештај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.