Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Одлуката на Врховен за Кочан е преседан

0
By Нова ТВ on May 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија смета дека постапувањето на Врховниот суд во случајот со укинување на одлуките во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан осомничен во случајот „Труст“, под надлежност на СЈО отвора сериозен сомнеж за политички влијанија за усвојување на незаконското решение, кое според оваа организација е преседан кој е во спротивност со принципот на владеење на правото.

– Согласно член 5, став 3 од Законот за СЈО, специјалната обвинителка Катица Јанева е овластена да презема дејствија и да застапува предмети пред основните, апелационите судови и Врховниот Суд на Република Македонија. Ставот 4 од Член 5 од Законот уште поконкретно ја пропишува исклучивата надлежност на обвинителката Јанева за преземање обвинителски дејствија. Имено, Јавниот обвинител кој раководи со СЈО има целосна надлежност и овластување независно да ги извршува сите истражни и обвинителски функции на Јавното обвинителство, кои вклучуваат учество во судски постапки и започнување каква било судска постапка, вклучувајќи граѓанска и кривична, кои ги смета за потребни.Дополнително, истиот став од Законот за СЈО предвидува дека ова обвинителство има надлежност за водење на сите аспекти на било кој нивни предмет.

Правното правило изразено во латинската максима lex specialis derogat legi generali предвидува дека во услови кога во правниот систем постои правен акт што уредува специфична тема (Законот за СЈО и прислушуваните разговори) тој го заменува законот што уредува општа тема (Законот за кривичната постапка). Во конкретниот случај, Врховниот суд, со постапувањето по барањето на Јавното обвинителство на РМ и повикувајќи се на Законот за кривичната постапка за одлучување по барање за заштита на законитоста, донесе незаконско решение и отвори преседан кој е во спротивност со принципот на владеење на правото, се вели во соопштението.

Од Хелсиншкиот комитет потенцираат дека ова е прв пат кој и да било суд во РМ да одлучи дека лицето против кое е определен притвор треба да се пушти на слобода до донесување на одлука по жалба.

-Ако се знае дека советот на Врховниот суд со учество на истиот (старо/нов) претседател Јово Вангеловски пред неколку години го разреши судијата Јордан Митриновски затоа што оценил дека наместо привор е доволно да се определи куќен притвор со гаранција, не сме многу убедени дека сега Врховниот суд и Републичкото јавно обвинителство одеднаш и преку ноќ станаа ултралиберални поборници за правата на осомнилените, велат од Хелсиншки.

Според нив, постапувањето на Врховниот суд отвора сериозен сомнеж за политички влијанија за усвојување на незаконското решение што произлегуваат од прераспределувањата на судии во Врховниот суд и Основниот Суд Скопје I, непосредно пред усвојувањето на решенијата, односно за време на целокупната постапка што сега треба да биде повторена.

-Потсетуваме дека поради предлози за разрешување на судии поднесени од претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски во неговиот претходен мандат (2008-2012) и неговото гласање за прифаќање на таквите предлози, државата изгуби два предмета пред Европскиот суд за човекови права. Во предметите Митриновски против Македонија од 2015 година и Попчевска-Геровска против Македонија од 2016 година, Судот во Стразбур го прогласи целиот Судски совет за зависен и пристрасен затоа што прифатил претседателот на Врховниот суд да биде и предлагач и гласач во постапка за разрешување на судии, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.