Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Осуда за молкот на институциите за нападите на ЛГБТ

0
By Нова ТВ on October 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2013 15:14

Мрежата за заштита од дискриминација* го осудува молкот на институциите кон злосторствата сторени од омраза и заканите врз ЛГБТИ луѓето и активстите кои се случуваат во континуитет подолго време, се вели во извештајот на Хелсиншки комитет.

Имено, почнувајќи од повеќекратните напади на Центарот за поддршка, нападот врз присутните во ЛГБТИ Центарот за време на “Неделата на гордоста”, нападите во Битола врз активисти кои се борат за правата на ЛГБТИ луѓето, хомофобичните закани по социјалните мрежи, претепувањето на две момчиња во центарот на Скопје, вклучувајќи го и нападот на домот на актерот кој јавно проговори за својата сексуална ориентација.

Како резултат на молкот на институциитево однос на нападите на ЛГБТИ центарот за поддршка, Мрежата за заштита од дискриминација на ден 08.10.2013 поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство – Скопје. Кривичните пријави се поднесени против непознати лица поради постоење на основано сомнение дека покрај останатите, ги сториле и кривичните дела „Насилство“, „Расна и друга дискриминација“, „Повреда на рамноправноста на граѓаните“ како и „Предизвикување општа опасност“.

Од првиот напад на ЛГБТИ Центарот за поддршка веќе е измината цела година, додека во јавноста сè уште нема одговор дали надлежните институции презеле мерки за откривање на сторителите и дали е покрената постапка со која сторителите би се повикале на одговорност.

Единствениот случај каде ЛГБТИ Центарот за поддршка беше нападнат и за кој институциите брзо реагираа е нападот од 2-ри Март. Мрежата ја поздравува Пресудата на Основниот Суд Скопје 1 со која напаѓачите на Центарот се прогласени за виновни за делото „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело‘‘. При носењето на одлуката за висината и времетраењето на казната за сторителите на делото, судот ги зеде предвид отежнувачките околности за кривични дела сторени од омраза по основ на национално и социјално потекло, политичко и верско убедување, полот, расата или бојата на кожата избегнувајќи да ги вклучи или да ги препознае основите сексуална ориентација и родов идентитет како мотив за стореното дело.

Нападите од страна на сторителите предизвикаа значителна опасност по животот и телото на присутните во Центарот, повреда на рамноправноста на граѓаните и диксриминација (врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет). Како резултат на ова, беа повредени личниот и моралниот интегритет, достоинството и угледот на ЛГБТИ лицата.

Мрежата ги повикува надлежните институции, вклучително и Јавното обвинителство да ги истражи и останатите случаи на насилство и злосторства сторени од омраза, земајќи ја во предвид горе споменатата пресуда на Основниот суд Скопје 1, во однос на отежнувачките околности при одмерување на казната.

Мрежата исто така повикува конечно да почнат да се применуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права, во кои е јасно наведено дека „сексуалната ориентација како фундаметална карактеристика на една личност, треба да се третира на ист начин како и категориите раса, етницитет и религија, кои најчесто се покриени со закони за санкционирање на говор на омраза и насилство од омраза“.

Сметаме дека институциите мораат да ги препознаваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за насилство и дискриминација, со што конечно ЛГБТИ заедницата ќе добие заштита и поддршка од институциите кои треба да ги штитат правата на сите граѓани и превентивно ќе делува во иднина вакво насилство да не се повтори, се вели во соопштението на Хелсиншки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.