Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Преседан е пресудата за Кежаровски

0
By Нова ТВ on October 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 21, 2013 14:16

Хелсиншкиот комитет од самиот почеток го следи случајот со новинарот Томислав Кежаровски и веќе во два наврата реагираше на изрекувањето и продолжувањето на мерката притвор констатирајќи дека Кривичниот совет донесувањето на решенијата го сторил во постапка и на начин кои се спротивни на Европската конвенција за човекови права  и праксата на Европскиот суд за човекови права.

Притоа, и во текот на судската постапка беа забележани низа повреди односно напуштање на судницата од страна на еден од судиите, како и на некои од судиите – поротници но и од страна обвинетите, а притоа претседателот на Судскиот совет не го прекина главниот претрес со што беше сторена суштествена повреда на постапката.

Повреда беше сторена и во делот на сослушувањето на дел сведоците, со оглед дека тие не беа поучени за нивните права и обврски согласно Законот за кривичната постапка.
Утринава, Судскиот совет на Основниот суд Скопје 1, Скопје донесе пресуда за случајот „Ликвидација“, со која новинарот Томислав Кежаровски се осудува на казна затвор од четири години и шест месеци.

Ваквата пресуда според мислењето на Хелсиншкиот Комитет претставува сериозен преседан ако се има предвид дека во регионот не е забележан случај новинар да биде осуден со толку висока затворска казна поради вршење на новинарски активности.

Ова особено што во услови кога слободата на медиуми и слободата на изразување во Република Македонија се сериозно загрозени, ваквата пресуда претставува уште една порака за замолчување и цензура на сите они што имаат критички став и мислење.

Според мислењето на Хелсиншкиот Комитет еден од суштинските елементи за кој Основното јавно обвинителство треба навремено да реагира и да поведе нова постапка е проверка на наводите на заштитениот сведок во случајот „Ореше“, бидејќи според неговиот исказ, на него бил вршен притисок да даде веќе подготвена изјава од страна на претставници на полицијата.

Доколку се потврди вистинитоста на наводите на заштитениот сведок, тогаш новинарот Кежаровски е оној што открил вршење на кривично дело, а не сторител и тогаш целиот случај „Ликвидација“ би добил поинаков епилог.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.