Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Пристапот до правда не е само основно човеково право

0
By Нова ТВ on October 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 25, 2020 13:28

– Пристапот до правда не е само основно човеково право, тој е истовремено и суштествен предуслов за заштита и унапредување на сите останати граѓански, културни, економски, политички и социјални права. Токму затоа, во темелите на постоењето на Хелсиншкиот комитет за човекови права е обезбедувањето бесплатна правна помош на ранливи и маргинализирани групи и граѓани во социјален ризик.

Ова го наведува денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права по повод Европскиот ден на правдата, кој се одбележува на 25 октомври.

-Хелсиншкиот комитет дејствува во насока на правно зајакнување и правна поддршка на граѓаните уште од неговото основање во 1994 година. Сепак, обврската за ефикасен и ефективен пристап до правда примарно се наоѓа кај државата. Република Северна Македонија има обврска да им обезбеди на сите граѓани непречен и еднаков пристап до соодветни, независни и непристрасни судски и вонсудски механизми, се нагласува во соопштението. Имајќи предвид дека според последните податоци од 2018 година, стапката на сиромашни лица во земјава изнесувала 21,9 отсто, односно дека секое петто лице живее во услови под прагот на сиромаштијата, нагласува Хелсиншки, обезбедувањето пристап до правда за сиромашните останува главен предизвик за нашето општество.

-Тоа особено се однесува на  воспоставувањето на инклузивен правосуден систем, кој ја зема предвид нерамнотежата меѓу приходите и моќта, што значи,  функционални судски и вонсудски механизми и закони, кои ќе одразуваат сечии интереси и потреби, а пред сѐ на граѓаните во социјален ризик, нагласува Хелсиншки. Додава дека државата има обврска да ги преземе сите неопходни мерки за да обезбеди дека на лицата кои живеат во сиромаштија не им е ограничено уживањето на нивните права, како резултат на непремостливи пречки во системскиот пристап до правда.

-Во таа линија, подобрениот текст на Законот за бесплатна правна помош од 2019 година вклучува поширок опсег на граѓани, кои ги исполнуваат условите за добивање бесплатна правна помош. Затоа Комитетот ќе продолжи континуирано да го мониторира процесот на примената на новиот Закон и на системот за бесплатна правна помош во целина, се истакнува во соопштението.

Хелсиншки се осврнува и на важноста од пристапот до правда во време на пандемија. За целото времетраење на пандемијата со коронавирусот, Хелсиншкиот комитет, како што наведува, овозможува непречено одвивање на оваа услуга за граѓаните преку телефон и електронска пошта, оставајќи можност и за директни средби во итни случаи.

Од почетокот на кризата,  околу 500 граѓани добиле правна помош од Хелсиншкиот комитет за прашања од областа на работни односи и пристап до вработување, семејно и родово базирано насилство, семејни односи, социјална заштита, дискриминација и говор на омраза и дела од омраза. Комитетот објави и посебен извештај за состојбата со човековите права од почетокот на кризата, врз основа на податоците од секојдневната комуникација со граѓани кои се обраќаат за правна помош, на анализата на ефектите од донесените владини уредби во овој кризен период, како и на редовното набљудување на состојбата во поединечни области.

Пандемијата и рестриктивните мерки, се додава во соопштението, неминовно довеле до ограничување на правата и сериозни економски последици, но и до зголемена опасност во дигиталниот свет. Токму затоа Агенцијата за фундаментални права по повод Европскиот ден на правдата ги повика ЕУ и земјите-членки да ја зајакнат заштитата на жртвите преку интернет.

-Соочени со Ковид-19, луѓето сè повеќе го поминуваат своето време во дигиталниот свет. Kако и во реалниот свет и тука се закануваат опасности. Многумина стануваат жртви на измамници и на говор на омраза онлајн. Говорот на омраза преку интернет е сè поголем проблем, како што постојано покажуваат истражувањата на Агенцијата. Честопати се случува жртвите да наидат на расистичка, сексистичка и хомофобична содржина, а од друга страна сторителите да ја споделуваат својата омраза неказнето, нагласува Хелсиншки Покрај говорот на омраза, Агенцијата ги поткрепува своите барања до ЕУ членките со податоците дека една од пет жени биле жртви на вознемирување на интернет, еден од двајца Европејци се загрижени поради злоупотреба на нивните податоци, a многу деца се исто така жртви на малтретирање во дигиталната сфера. -Заклучокот на Агенцијата за фундаментални права е дека „бидејќи луѓето сè повеќе го живеат својот живот на Интернет, пристапот до правдата треба да држи чекор, за да им понуди на жртвите иста заштита како што очекуваат офлајн.

Во тој аспект, на одбележувањето на европскиот ден на правдата, апелираме за воспоставување и зајакнување на механизмите за заштита на човековите права онлајн, се наведува во соопштението на Хелсиншки комитет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.