Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Расна, политичка и сексуална дискриминацијата во РМ

0
By Нова ТВ on December 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 10, 2013 13:10


Денес се одбележуваат 65 години од  усвојување на Универзалната декларација за човекови права донесена во 1948 година и 20 години од воспоставувањето на телото Висок комесар за човекови права при Обединетите нации. Во денешното соопштение на ООН се повикува на вложување заеднички напори за исполнување на колективната одговорност за промоција и заштита на правата и достоинството на сите луѓе во светот.

Во Република Македонија, и покрај воспоставените норми и тела за овозможување на целосно уживање на човековите права, се уште опстојува проблемот со нивно нецелосно исполнување односно неефективна заштита. Денес Хелсиншкиот комитет потсетува на три области во кои проблемите со човековите права опстојуваат или е забележано нивно дополнително влошување:

1. Право на изразување и слобода на медиуми

Наместо промоција и заштита на правото на изразување и слобода на медиумите, државата преку политички и финансиски притисок продолжува да се вмешува во уредувачката политика на голем број медиуми. Покрај со уредувачката цензура, новинарите се соочени и со самоцензура поради зголемениот страв од тужби за навреда и клевета од страна на политички функционери. Ваквата состојба неминовно води кон снижување на професионалните стандарди и пристрасно информирање на граѓаните. Во 2013 година, особено загрижува притворањето на новинари на кои им се суди за новинарски текстови.

2. Судска заштита

Иако во последните неколку години беа спроведени сеопфатни реформи во судството, тоа се уште не успеа да ја стекне довербата кај граѓаните. Независноста и непристрасноста на судиите не е обезбедена, а сомненијата за политичко влијание произлегуваат од начинот на именување и напредување на судиите, големиот број на судења зад затворени врати и неуспехот да се заштити пресумпцијата на невиност често повредувана од извршната власт. 

3. Дискриминација

Дискриминацијата врз основа на раса, политичка припадност и сексуална ориентација е широко распространета и не постојат ефективни механизми за нејзино спречување.

Ромите се дискриминирани во скоро сите области на општественото живеење, а во последните неколку години колективно им се ускратува основното човеково право на движење и напуштање на државата.

Вработувањата и напредувањето во државната и јавната администрација зависат од политичката припадност на кандидатите, а ЛГБТ заедницата се соочува со административни  и судски пречки во остварувањето на основните права, но и со физичко насилство кое не се истражува поради што насилниците остануваат непознати и неказнети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.