Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Загрозено владеењето на правото, хонорарците заглавени во бирократија

0
By Нова ТВ on March 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 20, 2015 12:24

Чинот на масовно прислушување претставува прекршување на човековите права од највисок степен и апсолутна злоупотреба на можноста за следење на комуникациите, со што се загрозува владеењето на правото во државата, наведува Хелсиншкиот комитет во својот месечен извештај кој освен прислушувањето, меѓу другото се осврнува и на Студентскиот и Професорскиот пленум и измените во законот за хонорарци.

– Имено, со неовластеното прислушување се прекршуваат член 18 од Уставот на РМ, според кој се гарантира сигурноста и тајноста на личните податоци, член 25 од Уставот на РМ според кој на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот на достоинството и угледот, се вели во извештајот на Хелсиншкиот комитет.

Дополнително, забележува ХК, од содржината на објавените разговори е очигледна злоупотребата на службената положба и овластување од страна на државните функционери, особено во делот на изборниот процес, каде постојат индиции за злоупотреба на целиот систем и масовно прекршување на избирачкото право на граѓаните, кое согласно член 22 од Уставот треба да се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Во однос на истрајноста на Студентскиот пленум со поддршка од Професорскиот и прогласувањето на Автономна зона низ факултетите, Хелсиншкиот комитет забележува дека преку ваквиот начин на практикување директна-демократија во рамките на Универзитетот и пред се’, одбрана на автономијата на високообразовните институции, Пленумот покажал дека младите поседуваат политичка зрелост да се вклучат во процесите на носење одлуки од јавен интерес.

Во однос на плаќањето придонеси на хонорари, Хелсиншкиот комитет забележува дека граѓанската иницијатива против плаќање придонеси на хонорари составена од претставници на независни синдикати во т.н. Синдикална повелба, граѓански организации и индивидуалци, го искористија правото на пристап до информации од јавен карактер и поднесе 134 прашалници со различен број на прашања до Министерството за труд и социјална политика поради нејаснотиите поврзани со изгласаните измени за плаќање придонеси на хонорарите.

– Граѓаните инсистираат дека измените воопшто не ги отсликуваат ниту ги зеле предвид различните категории на хонорари кои граѓаните ги земаат за својот труд, ниту овозможуваат погодна здравствена и социјална заштита за новите даночни обврски, се дополнува во извештајот на Хелсиншки.

Сепак, до денот на поднесување на овој извештај, граѓанската иницијатива како и нивните претставници не добија одговор на поднесените барања за информации иако согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата е должен да одговори во рок од 30 дена.

– Покрај поднесените барања за информации, беше оддржан втор протест за целосно повлекување/укинување на измените на кој што се обратија различни засегнати категории на граѓани меѓу кои културните работници, глумците и претставници на синдикатите и невладините организации. Имено, извршната власт како подносител на законските измени останува индеферентна на барањата, а граѓаните не можат да се снајдат со новите бирократски измени кои дополнително го оневозможуваат лесниот пристап до права кои наводно и согласно објаснувањето на подносителот треба да обезбеди социјална и здравствена сигурност.

Комитетот го констатира обратниот ефект, односно дополнителни обврски само го отежнуваат процесот на плаќање данок, ги изложуваат хонорарите на зголемени трошоци и обврски за кои извршните власти не можат да ја дефинираат потребата или пак одговорат на контроверзни прашања во врска со изгласаните измени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.