Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншкиот комитет бара темелна истрага и одговорност по акцијата во затворот Идризово

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 18, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: pbs.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници ќе го следат постапувањето на институциите во врска со извршениот претрес во Идризово и очекуваат истрагата да биде темелна и сеопфатна за конечно некој да понесе одговорност за сите  пропусти во казнено поправните установи кои се случуваат со години.

– Доколку и во овој случај се избегне директна одговорност, тешко дека може да ги очекуваме посакуваните позитивни промени во целокупниот пенитенцијарен систем, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

Покрај проблемот со корупцијата, кој е причина и за голем број други тешки предизвици и пропусти кои беа откриени со акцијата, Хелсиншкиот комитет изразува загриженост околу проблемот со пренатрупаност во КПД Идризово, но и во други казнено поправни установи во земјава.

– За време на последната посета, нашите набљудувачи нотираа дека десетици осуденици спијат на под во затвореното одделение од установата. Како најгорлив проблем останува и здравствената заштита, поради што голем број осудени лица немаат пристап до лекар, психијатар и до потребната медицинска терапија, се вели во реакцијата.

Состојбата во затворените институци секогаш е илустрација и за пошироката општествена состојба.

Токму затоа, велат од организацијата за заштита на човековите права, државата мора да вложи напори и ресурси и да изнајде долгорочни решенија за овие системски проблеми.  Повремени акции во затворите се очигледно неопходно, но тие нема да донесат никакво подобрување без соодветни санкции и без конкретни мерки поврзани со материјалните услови и со неопходниот стручен кадар.

– Како организациии коишто континуирано и непосредно ја следат состојбата во затворските установи, а поттикнати од последната акција на МВР во затворот Идризово, укажуваме дека она што во медиумите беше прикажано како спектакуларна заплена на ножеви, дрога и мобилни телефони во затворот, всушност е вообичаена состојба, која се провлекува децении наназад, се вели во реакцијата.

Во нашите извештаи, велат од Хелсиншки, редовно се осврнуваме на субстандардните услови, корупцијата и другите системски недостатоци во затворскиот систем, особено во  најголемата казнено поправна установа – Идризово.

– За време на нашите посети, покрај други бројни недостатоци, за кои редовно ја информираме јавноста и надлежните институции, секогаш биле забележувани и ножеви во собите на осудените лица во затвореното одделение на установата, но, и во другите одделенија, што беше случај и при последната посета на КПД Идризово, реализирана во јуни годинава. И покрај тоа што сме апелирале на опасноста од (само)повредување на осудените лица, како образложение секогаш било истакнувано тоа дека тие немаат посебна просторија за јадење, па поради тоа поседуваат ножеви во нивните соби. Како резултат на ова се случувало осудени лица да се повредат во меѓусебна расправија, а имало и инциденти кога затвореници со нож повредувале припадници на затворската полиција, потсетува Хелсиншкиот комитет.

 

затвор Идризово Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.