Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншкиот комитет стартува со е-магазинот „Има ли будни…“

0
By Нова ТВ on December 26, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија со поддршка од Амбасадата на Германија во Скопје отпочна со реализација на младинскиот е-магазин за човекови права „Има ли будни…“ (www.imalibudni.mk).

Магазинот има за цел да им овозможи простор на младите да се изразат слободно и да ги изнесат своите ставови за општеството во кое живееме.

– Магазинот се реализира од страна на извршната канцеларија на Комитетот и алумни членовите на младинската група со посветеноста ќе се грижат првото, а и секое наредно издание да биде соодветно уредено и достапно на повеќе јазици, сопштува Хелсиншкиот комитет.

Комитетот апелира младите да се охрабрат да пишуваат за нивните проблеми и да бидат креативни во презентирање на решенија или предлози за подобрување на состојбите.

– Младите се движечка сила на секое општество и нивниот глас е особено важен да биде слушнат. Затоа се надеваме дека во второто издание ќе имаме голем број на ваши текстови, вие кои честопати ги читате нашите извештаи, бидејќи сметаме дека вашето мислење ќе допринесе за развој на слободната мисла и критика, стои понатаму во образложението на Комитетот.

Правила на пишување:

– Текстовите да се напишани во ворд документ (word.doc), со фонт калибри, 12, со наслов и структура на текст. Бројот на максимални страници да се движи од 3 до 4.

– Автори/ките на текстовите треба да наведат име и презиме. Фотографијата не е задолжителна.

– Не е дозволен плагијаризам или било каква друга повреда на авторски права. Авторите да се погрижат за цитирање на изворите на информациите, фото и видео материјалите кои се придружен материјал на текстовите.

– Не е дозволен говор на омраза или текстови со навредлива содржина по сите основи предвидени со Кривичниот законик на РМ и меѓународно законодавство.

– Е-магазинот поддржува видео и фото материјали да бидат дел од текстовите. За таа цел ве охрабруваме да бидете креативни и да подготвите информативен текст, став, колумна, истражување, поезија, вест итн. поврзани со младите и човековите права и слободи кој визуелно ќе го збогатите. За видеата ги испраќате линковите со назначено место во текстот каде да бидат внесени. Исто така направете и доколку испраќате фотографии.

– Е-магазинот би сакал да поддржи текстови објавени на литературен мајчин јазик на сите заедници. Сите текстови кои ги испраќате напишете ги на мајчиниот јазик и на македонски или обезбедете превод на англиски јазик. За текстовите на македонски јазик исто така направете превод на англиски јазик. Доколку не сте во можност да направите превод, наведете го тоа при испраќање на текстот со цел Комитетот да ги преведе текстовите навремено.

– Зад магазинот стои уреднички тим од млади членови и вработени во Комитетот и вашиот текст може да претрпи граматички или лексички промени во комуникација и одобрение од авторот.

Испраќање на текстови на е-пошта mladinskimagazin@mhc.org.mk до: 12.01.2015 година

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.