Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХЕРА: Конкретни мерки за унапредување на здравјето на жените

0
By Нова ТВ on November 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 11, 2013 11:34

ХЕРА и ЕСЕ денес ги промовираa наодите од истражувањата „По четиригодишната кампања: ставови за абортусот помеѓу општата популација“ и гинеколозите во Македонија и „Да за финансиските средства за унапредување на здравјето на жените. Не за кампањи кои го дискриминираат“.

Овие две истражувања, спроведени во текот на 2013 беа насочени кон опишување на влијателноста и на трошоците на владината медиумска кампања против абортус „Имаш право на избор. Избери живот“. Главните наоди се:

– 67% од испитаниците сметаат дека жената треба самостојно да донесе одлука за абортус
– 39% од испитаниците ја осудуваат жената која направила абортус, а дополнително загрижува податокот дека жената ја осудуваат речиси половина од младите испитаници (45%) на возраст од 15 до 24 години.

Владината кампања „Имаш право на избор. Избери живот“ бележи гледаност кај 61% од населението, а 63% од тие што ја гледале се согласуваат со пораките кои ги испраќа. Дека не треба да се абортира е главна порака на кампањата идентификувана кај 28% од одговорите на испитаниците.

76% од гинеколозите кои биле дел од истражувањето сметаат дека абортусот е слободен избор на жената.

Постои високо ниво на информираност кај гинеколозите за новиот закон за прекинување на бременоста, а 71% од нив сметаат дека со измените ќе се отежни пристапот до абортус.

Кај општата популација само 37% од испитаниците се информирани за промените во законот, но половина од овие сметаат дека новите законски промени го намалуваат правото на жената за слободен избор.

Иако не се добија бараните информации за потрошените средства од Влада на РМ , според податоците достапни во 2009 година, за оваа кампања на годишно ниво се троши по најмалку 36 милиони денари.

Средствата потрошени за истата кампања се за 16 милиони денари поголеми отколку што Владата одвојува за Програмата за рана детекција на малигни заболувања во однос на компонентите за рано откривање на карциномот на дојката и карциномот на грлото на матката. Една од главните цели на оваа Програма е намалување на морбидитетот и морталитетот од двата најчести карциноми кај женската популација.

Во согласност со овие наоди и со цел вистинска намена на државните средства за подобрување на здравјето на жената повикуваме:

Да се сопре со кампањи со кои преку континуирана промена на свеста се стигматизираат жените кои направиле абортус, се манипулира со правото на избор и абортусот се прогласува за убиство, а кои имаат најголем ефект врз најмладата популација.

Државните средства вложени во ТВ кампањи да се насочат кон проверени мерки за редуцирање на бројот на абортуси, кои вообичаено се користат, како во светот, така и во националните стратегии и програми: кампањи за едукација на младите, девојките и жените за контрацепција, пристап до контрацепција којашто е бесплатна или има намалени цени, да се зголемат средствата за Програмата за активна заштита на мајките и децата, воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.