Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хилари Клинтон во Њујорк Тајмс: Трамп ќе ја направи Америка слепа, слаба и без пријатели

0
By Zoran Ivanov on March 28, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот демократски претседателски кандидат Хилари Клинтон ги нарече политиките на администрацијата на претседателот Доналд Трамп опасни и глупави, заклучувајќи дека тој ќе ги направи САД слаби и без пријатели.

Во колумна за „Њујорк тајмс“, таа остро го критикуваше скандалот со групниот разговор на „Сигнал“, како и политиката на Илон Маск за намалување на вработените во федералната администрација.

Клинтон вели дека „ѝ пречи глупоста на новата администрација“.

Таа се осврна на скандалот со групниот разговор во кој советникот за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц, по грешка додаде добро познат новинар во група со високи владини претставници, вклучително и секретарот за одбрана Пит Хегсет, кои разменуваа детали за претстојниот напад на милитантната група Хути во Јемен.

Оваа група го вклучуваше и потпретседателот Џеј Ди Венс.

Клинтон рече дека високите функционери на Трамп ги загрозиле американските војници со тоа што споделувале воени планови на апликација за пораки и погрешно вклучиле новинар, додавајќи дека тоа е „глупаво и опасно“.

Според неа, ова е последен во низата неуспеси на новата администрација, што „ја троши силата на Америка и ја загрозува националната безбедност“. Хилари особено го критикуваше распуштањето на Американската агенција за меѓународен развој, УСАИД.

Во опасен и сложен свет, не е доволно да се биде силен. Мора да бидете и мудри. Како државен секретар под претседателот Барак Обама, се залагав за паметно владеење кое ја интегрира цврстата моќ на нашата војска, меката моќ на американската дипломатија, развојната помош, економската сила и културното влијание, напиша таа.

Според неа, сето ова заедно ја прави Америка суперсила. Клинтон оцени дека, наместо тоа, Трамп води ограничена политика што ќе ја направи Америка „слепа, слаба и без пријатели“. Таа заклучи дека се чини дека администрацијата не знае по кој пат да тргне и која е нејзината стратегија.

Трамп се коцка со националната безбедност. Ако вака продолжи, скандалот со групни разговори ќе ни биде најмалата грижа, рече Клинтон.

 

Америка слаба Трамп Хилари Клинтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.