Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон не ја отфрли можноста да се кандидира за претседател на САД на изборите во 2016. година, но рече дека „тоа е сериозна одлука која нема да ја донесе лесно и брзо“.
„Јас се борам со одлуката за кандидирање за претседател, но не брзам во донесувањето на одлуката“, рече таа, додавајќи дека има уште време, пренесуваат американските медиуми.
И покрај нејзината изјава, многумина нејзини колеги заклучуваат дека таа е веќе во кампањата.