Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Химната, албанскиот јазик, вработувањата… во фокусот на Европскиот фронт

0
By Marija Todorovska on December 18, 2024 ТЕМА
Собрание- пратенички прашања/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ
Собрание- пратенички прашања/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 18, 2024 16:06

Интонирањето на химната во училиштата, употребата на албанскиот јазик, вработувањата во здравствените установи на лицата што работат со договор на дело, се дел од прашањата на опозициските пратеници од Европскиот фронт на собраниската седницата за опозициски пратенички прашања. Во фокусот на пратениците од СДСМ, пак, беа економските прашања.

Мариела Трајковска 

Каков е ставот на премиерот Христијан Мицкоски за користењето на албанскиот јазик. Ние сме државјани на оваа држава, кои придонесуваат во економијата на државата, за тоа придонесува и албанската дијаспора иако ја тргнавте настрана, праша Илире Даути од Алијанса за Албанците на Села и одби одговор од министерот Александар Николоски

Интонирањето на химната во училиштата, употребата на албанскиот јазик, вработувањата во здравствените установи на лицата што работат со договор на дело, се дел од прашањата на опозициските пратеници од Европскиот фронт на собраниската седницата за опозициски пратенички прашања. Во фокусот на пратениците од СДСМ, пак, беа економските прашања.

Илире Даути од Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села одби за употребата на албанскиот јазик да ѝ одговори вицепремиерот Александар Николовски и реши да почека одговор лично од премиерот Христијан Мицкоски кој е на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел дали останува на ставот дека нема ништо против албанскиот јазик.

Илире Даути Фото: Принтскрин

– Преокупација на многу граѓани се основните човекови права, односно секој човек да се третира еднакво, а тука е правото на користење на мајчиниот јазик. Каков е ставот на премиерот Христијан Мицкоски за користењето на албанскиот јазик. Ние сме државјани на оваа држава, кои придонесуваат во економијата на државата, за тоа придонесува и албанската дијаспора иако ја тргнавте настрана. Мицкоски од Косово рече дека никој нема против албанскиот јазик. Потенцирам дека темата не е вештачка, туку реална бидејќи и по шест месеци откако сте на власт, Владата продолжува сите закони, но и службена комуникација да ги води само на македонски јазик. Има ли договор со Вреди во оваа форма да биде комуникацијата на Владата со Собранието? Дали премиерот мисли дека како раководител е над законот и над Уставот – праша Даути, но остана без одговор затоа што инсистираше на одговор од премиерот.

Пратеничката побара вицепремиерот Изет Меџити да одговори каков е неговиот и ставот на Вреди за законот за средно образование каде што се предлага на почетокот и на крајот од учебната година и за патронати да се интонира државната химна. Таа праша зошто законот не предвидува директорите да се тестираат за познавање на албанскиот, а не само на македонскиот јазик.

– Министерката вели дека основачите, односно градоначалниците ќе одредуваат дали во училиштата ќе се интонира химната. Која е вашата улога во Владата за ова прашање и дали се согласувате со предлогот и кој е вашиот пристап во иднина – праша Даути.

Меџити одговори дека за тоа се дискутирало во Владата, но и со пратениците.

– Во фокусот ни се реформите во образованието и нема потреба да се оптоваруваме со детали кои нè оддалечуваат од реформите. За тоа што Вреди претставува во Владата, ќе ви одговорам дека таму каде што се јавуваат проблеми демонстрираме демократски капацитет, кој покажува дека знаеме да ги решаваме проблемите, како што беше со балансерот. Кога беше укинат законот за матична евиденција, вие молчевте, ние ќе го решиме и законот за матична евиденција, а ќе го решиме и образованието и не се грижете, има кој да ги штити Албанците – рече Меџити.

Тој ја праша Даути зошто нивниот советник во училиште во Велес гласал да се интонира химната, а во Собранието Европскиот фронт е против.

Дијана Тоска Фото: Принтскрин

Пратеничката Дијана Тоска од Европскиот фронт го праша министерот за здравство Арбен Таравари зошто не се реализирани вработувања на околу 1.400 здравствени работници што работат со договор на дело бидејќи минатата влада имаше обезбедено средства.

Таравари ѝ одговори пред да поставува прашања, да се информира што тие направиле.

– ДУИ не изгради ниту една болница, дури ни канализација во Зајас од каде што е вашиот лидер не направивте. Ние наследивме 1.500 договорци и се обидуваме да најдеме решение. Вкупно 1.100 решенија ќе добијат до крајот на годинава – рече Таравари.

Тоска ја праша министерката за образование Весна Јаневска зошто досега не посетила ниту едно училиште и универзитет каде што се учи на албански јазик и зошто ја бојкотирала прославата на „30 години од Тетовскиот универзитет“.

– Точно е дека не сум посетила многу училишта, но ве потсетувам дека ги оставивте учениците без учебници, ни оставивте енормен долг и ни оставивте недонесени седум закони од образованието. Не е точно дека не сум посетила училиште каде што учат деца на албански јазик. За прославата на Тетовскиот универзитет бев на седница на Владата. И да ве поправам, не се 30 туку 20 години и коректно ќе беше на поканата да напишете 20 години освен ако не се повикувате на нелегална форма на образование. Нелогично е да споредувате посети на министер според етникум, министерот е министер на сите ученици и студенти. Треба да води сметка за квалитетот на образованието, без оглед на јазикот што се зборува. Не сте во право и моите аргументи се посилни од вашите – рече Јаневска.

Тоска возврати дека за Тетовскиот универзитет имало жртви и министерката да не се обидува да потцени сè што е албанско.

Текстот е сопственост на Слободен Печат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

ВЕСТИ May 24, 2026

Синоќа на улицата „Кнез Милош“ во Белград речиси и да немаше граѓани, но голем број…

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026
ТИКЕР

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.