Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хипотеза за атентатот на Глигоров

3
By Борјан Јовановски on October 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 4, 2014 10:01

Кој и зошто сакаше да го убие Глигоров? Белградската врска на атентатот остана неразјаснета. Текстот е напишан врз база на претпоставки изведени од разговор воден во Белград со човек од високото раководтсво на премиерот Ѓинѓиќ. Дали отворањето на досиеата во Белград ќе ја потврдат хипотезата?

Една од хипотезите за атентатот на Глигоров се крие во до денеска тајните разговори кои Глигоров ги водеше прво со генералите на ЈНА во 1991 пред нивното мирно заминување од територијата на Македонија а потоа и тет а тет разговорот кој Глигоров го имаше со Милошевиќ во Белград само еден ден пред атентатот. Претпоставката која остана нерасчистена е дали Глигоров на генералите им ветил конструктивност кон режимот на Милошевиќ за да издејствува нивно мирно повлекување од касарните во Македонија. Тајниот договор се претпоставува дека важел се до почетокот на 1995 кога македонската дипломатија со Вашингтон ја договара Времената спогодба со Грција чија главна цел е да и се отворат вратите на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Во септември 1995 се официјализира најавата дека Македонија ќе го потпише Партнерството за мир со НАТО и Спогодбата за соработка и трговија со ЕУ со што се отворија вратите на евроинтеграциските процеси. Македонија тргна кон Брисел и Вашингтон неповратно. Ова битно геополитичко померување на југот на Балканот го вознемирило вождот во Белград кој според претпоставките се почувствувал предаден од Глигоров. Хипотезата наведува на тоа дека Милошевиќ сака да слушне потврда за одлуката на македонското раководство за евроатланската ориентација лично од устата на Глигоров. Го кани во Белград. Средбата трае кратко и по неа нема никакви информации за јавноста за тоа што се зборувало. Повторно во контекст на хипотезите, Глигоров му го потврдува тоа на Милошевиќ по што тој се решава да го активира веќе разработениот план за атентатот. По падот на Милошевиќ лица од блиското опкружување на Глигоров се обидуваат да добијат информации за да се потврди оваа претпоставка од луѓето на Ѓинѓиќ. За жал во тајните служби на Белград како што е познато Коштуница, тогашен претседател на СРЈ овозможи да се продолжат мандатите на многумина од српските разузнавачи блиски и лојални на Милошевиќ.

Во Македонија пак за жал никогаш не се тргна по оваа трага. Предмет на шпекулација до ден денеска се обидите на некои центри на моќ во Скопје да го одвлечат вниманието кон таканаречената “Братиславска врска“ или онаа кон Софија поврзана со контроверзната фирма Мултигруп. Двете опции подоцна паднаа во вода. Белградската врска остана не проверена!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.