Над 160 000 жители во јапонскиот град Хирошима биле советувани да се евакуираат поради свлечиште на земјиштето кое претходната недела го уништи соседството, објави централната противпожарна служба на Јапонија, цитирана од ИТАР-ТАСС.
Како резултат на силната стихија досега 46 лица загинаа, а исчезнати се над 40. Спасувачките операции веќе четврти ден се на местото на инцидентот.
Одроните во западна Јапонија се случија како последица на обилните дождови.
Подобрувањето на климатските услови овозможи над 3 000 спасувачи и волонтери да продолжат со пребарување на преживеани од свлечиштата.Според полицијата, можно е бројот на луѓето да е многу голем.
Досега, над 2 400 жители од северниот дел на Хирошима побарале засолниште во спасувачки центри откако властите издадоа наредби за евакуација.