Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хирурзи за НОВА: Експанзија од естетски операции-нема возрасна граница за убавина

0
By Менче Атанасова Точи on December 14, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две интервјуа со двајца исклучитени хирурзи по пластична и реконструктивна хирургија, едниот од нашата држава, другиот од Бугарија. Тие говорат за експанзијата од естетски операции кај жените, како заради убавина, така и за корекција после операција на рак на дојка

Се зголемува бројот на жени кои бараат естетски интервенции, не само на градите туку и други видови на разубавување по хируршки пат. Додека во западните земји опаѓа интересот за естетски операции, во нашата држава и во околните земји, жените се повеќе се одлучуваат да легнат под нож за да бидат поубави. Не постои возрасна граница за овој тип на операции, така што доаѓаат жени на 70 години за секаковвв вид на корекција, вели доц.др. Боро Џонов, претседател на друштвото на пластични и реконструктивни хирурзи.

„На запад опаѓа интересот, а кај нас и во околината е обратно. Имаме се повеќе пациентки од Косово, Албанија, Бугарија така што, се поголем е бројот на жени кои бараат секаков вид на корекција. Нема возрасна граница, имаме и возрасни пациентки на 70 години, така што лимитите во однос на возраста се избришани“, вели др. Џонов.

И во Бугарија се зголемува бројот на жени кои бараат естетски операции. Колку повеќе луѓето се информирани, колку повеќе се интелигентни, колку повеќе имаат финансиски можности, расте и бројот на оние кои го сакаат тоа.. Но, важен е балансот, се што е претерано не чини, вели за НОВА др. Николај Георгиев, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија од Бугарија

„Нормално е ако нешто внатрешно сакаш да промениш, сакаш  и да го направиш тоа. Но,важен е балансот. Јас лично не бендисувам голема уста, големи јагодици од кои кога ќе ги видиш се плашиш. Треба да има баланс. Затоа естетските интервенции треба да се прават од естетски и пластични хирурзи, не од козметичари, не од заболекари, не од гинеколози, затоа таа држава инвестирала во тие пластични хирурзи. Треба пациентите да им се доверат на нив, затоа што тие знаат како и имаат баланс. Вистинскиот доктор е оној кој ќе каже доста до тука, од тука понатаму е проблем“, изјави за НОВА, др Георгиев, директор на Медицинскиот центар по пластична, реконструктивна и естетска хирургија„Др. Николај Георгиев“-Бугарија.

Кај 5 проценти, односно 5 од 100 пациенти можни се компликации, не само од ваков тип на операции, туку и при реконструкција на дојки поради операција од карцином. Доктор Џонов вели дека се зависи од хируршката техника, од лекарот и од пациентот, медицинската техника нема комплетно секогаш с е што треба.

„Некогаш е проблем самиот материјал за имплантирање, коморбидитетот на пациентот, некогаш хируршката техника која треба да се избере како најсоодветна за да се направи еден таков зафат“, вели др.Џонов.

За доктор Георгиев, најважна е соработката пациент-лекар, но и државата да застане зад оваа проблематика.

„Јас лично не би го употребил зборот лекарска грешка. Во медицината еден и еден не се два. Си направил „легиа артис“ но во истиот момент не си го добил посакуваниот резултат. Некогаш хирургот е задоволен, а пациентот не е, и обратно.Пациентот треба подобро да е информиран, лекарот треба да е добро информиран и многу е важно државата да е зад тебе. Зошто не е добро приватни клиники и центри да се водечки. За жал, во овој момент во Бугарија е така. Големите државни болници за естетска и реконструктивна хирургија немаат доволен потенцијал, а би можело да биде многу подобро. Во големите светски центри, како во Италија, Англија, САД, Хјустон, Милано се е подготвено, „чекор по чекор“, се знае точно што треба да се прави. Ние сега на Балканот ја откриваме „топлата вода“, вели др. Георгиев.

Според хирурзите по пластична и реконструктивна хирургија оправдано е кога пациентките бараат предвреме да им бидат отстранети дојките доколку имаат генетски предиспозиции за рак или пак, опасност од повторување на карциномот. Во нашата држава овие операции ги покрива Фондот за здравство, за разлика од естетските кои пациентките сами си си ги плаќаат.
Но, доктор Џонов вели дека се зголемува бројот и на пациентки кои бараат естетска корекција на дојка, која е отстранета поради карцином.

„Во последно време е зголем бројот на пациентки кои бараат естетки да се оперираат после отстранување на дојката поради карцином. Го правиме тоа во еден акт, заедно со торакалниот хирург, како и секундарни реконструкции. Добро е што во последните 7-8 години тоа е на товар на ФЗОМ заедно со имплантите,  затоа и бројот на овие пациентки е поголем“, вело др. Џонов.

Фрапантни се податоци на карцином на дојка не само во нашата земја туку и во околните држави. Во Бугарија на околу 8 милиони население,  секоја година има околу 4.500 пациентки со рак на дојка. Георгиев вели дека во Бугарија онколошкиот и естетскиот дел тешко соработуваат.

„Жените одат кај онко-хирурзите. Би требало, така е редот, кога се прави онко -интервенција да има пластичен хирург, онко хирург, хемо-терапевт , радио-терапевт и психолог. Тоа кај нас не е така.  Сигурен сум дека и кај вас не е. А треба жената да добие целосна терапија, затоа што би можело да биде многу подобар третманот. Би можело само со една или две операции да се реши проблемот. И жените да изгледаат исклучително добро. Да се соблечат по маица или во костум за капење. Да влезат и да се чувствуваат добро. Да се облече во блуза со деколте и да изгледа нормално“, вели др. Георгиев.

Токму на овие теми во медицината за кои многу малку се зборува гласно, се дебатираше на денешниот Симпозиум за реконструктивна и естетска хирургија на дојки, на кој присуствуваа еминентни предавачи од земјава и околните држави. Симпозиумот беше во организација на Македонското друштво на пластични и реконструктивни хирурзи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.