Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хјуман Рајтс Воч: имигрантите во Грција се несакани гости

0
By Нова ТВ on June 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хјуман Рајтс Воч: имигрантите во Грција се несакани гости

Имигрантите во Грција се несакани гости кои тамошната полиција ги сопира и апси најчесто без да има причина за тоа, се вели во денешниот извештај на Хуман Рајтс Воч, организацијата за заштита на човековите права. Во извештајот се вели дека полицијата ги сопира луѓето кои наликуваат на странци, ги пребаруваат, ги навредуваат а во некои случаи се документирани и физички злоставувања и долги држења во притвор.

Ксенио Зевс е името на операцијата за контрола на нелегалната миграција во Грција. “Иронично е тоа што операцијата го носи името на овој бог на гостопримството од античката историја. Операцијата воопшто не е гостопримлива за оние кои се имигранти и бараат статус на азиланти кои редовно се сопирани, претресувани и затворани поради начинот на кој што изгледаат“, вели Ева Косе, специјалист за Грција во Хуман Рајтс Воч.

Во периодот помеѓу август 2012 година и февруари 2013 година полицијата одвела 85.000 странци во полиција за да го провери нивниот статус а од сите нив само 6 проценти ги немале документите за престој. Најголемиот број од нив имаат законско право да престојуваат во Грција а биле сопирани затоа што се азиланти, странци со регулиран престој или Грци со странско потекло.

Хуман Рајтс Воч наведува примери на лица кои имале допир со полицијата. Според Типак, 19 годишен Гвинеец сведочи дека во февруари полицијата го исфрлила надвор од автобус заедно си повеќе лица велејќи: “Сите црнци надвор!“
Според грчкиот закон полицијата има право да сопира луѓе и да бара да го потврдат својот идентитет и кога за тоа нема сомнение за криминал. Но, грчката полиција нема обука за имиграција и сето тоа остава простор за злоупотреби.

Од 2000 година Грција стана главен влез за баратели на азил од Азија и Африка за ЕУ. Лошото менаџирање на оваа проблематика, комбинирано со економската криза, ја смени демографијата на Атина каде што има многу странци кои живеат во тешка сиромаштија. Криминалот и урбаната деградација се дел од секојдевните разговори и дел од политичките декларации, вели Хјуман Рајтс Воч. Но, и покрај тоа што е дозволена со законот, операцијата Ксениос Зевс е загрижува поради непропорционалноста на мерки што ги користи.

Организацијата бара од Грција да прекине со оваа операција. “Владата треба да донесе законски мерки и политички реформи со кои сите мерки за идентификување на илегални имигранти ќе се води според националните и интернационалните стандарди во кои нема место за дискриминација а тука треба да се стави крај и на ентичкото профилирање и арбитратното одземање на слободата“вели организацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.