Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХК: Приведени се 42 лица, на 13 од нив им е одредена мерка притвор

0
By Нова ТВ on May 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 14, 2015 14:31

Хелсиншкиот комитет на ден 09.05.2015 година беше контактиран од страна на членовите на “Студентски пленум” и членови на семејствата на притворените студенти кои учествувале на протестите на 05.05. 2015. Лицата се осомничени за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие (член 384 став 1 од Кривичниот законик).

Казната за ова кривично дело е од 3 месеци до 3 години, поради што се смета за полесно кривично дело, за кое во принцип не треба да биде определена мерката притвор, туку треба да бидат искористени останатите алтернативни мерки кои стојат на располагање за обезбедување на присуство.

Комитетот смета дека ваквите одлуки влијаат на ограничување на правото на протест, особено поради фактот што како причина за притворот е наведено дека притворените можат да го повторат кривичното дело со оглед дека има нови најавени протести. Исто така,одлуките за притвор и за поведување на кривични постапки против студенти може да се сметаат и како предупредување за останатите граѓани кои сакаат да земат учество во протестите кои се одржуваат во овој период.

За споредба, Комитетот имаше монитори на насилните протести против општина Центар, кои се одржаа во 2014 година, за кои против учесниците не беше покрената судска постапка, поради што сметаме дека постои селективна правда.

Дополнително, сакаме да ја информираме јавноста дека по побараните информации од страна на Министерството за внатрешни работи сме известени дека вчера, 13.05.2015 година се приведени 4 лица, од кои едно е пуштено поради тоа што е малолетно. Останатите 3 лица во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка поради сомнение дека сториле учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие.

Од досегашните информации со кои располага Хелсиншкиот комитет, за периодот од 05.05.2015 година до 14.05.2015 година приведени се вкупно 42 лица, од кои 13 лица се во притвор, 1 лице е во куќен притвор, а за 3 лица се чека да бидат изведени пред судија на претходна постапка кој ќе одлучува дали ќе им определи притвор. Од притворените лица, 7 се студенти, од кои 2 лица се претставници на Студентскиот пленум.

Хелсиншкиот комитет бара судиите кои одлучуваат за определување и продолжување на мерката притвор да го земат пердвид фактот дека се работи за полесно кривично дело за кое не треба да се изрекуваа оваа мерка, како и фактот што во најголем дел се работи за млади лица кои претходно немаат сторено кривично дело.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.